Кленце
Кленце (германски: Clenze) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри северозападно од градот Залцведел и 25 километри источно од градот Илцен. Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Потекло на иметоПолапското име на Кленце е Клонцка (Klǫcka). ГеографијаМестоположбаОпштина се наоѓа на ридскиот масив Дравен, околу 16 километри од окружниот град Лихов. На запад се граничи со долносаксонскиот округ Илцен, а на југоисток се наоѓа округот Алтмарк Залцведел во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. Општински единициОпштината Кленце е составена од следниве места: Баузен, Безеланд, Безен, Браудел, Бусау, Кленце, Корфин, Далиц, Гистенбек, Голефанц, Гранштет, Грос Захау, Гурајцен, Касау, Клајн Захау, Клостер, Кусебоде, Лефиц, Мојслисен, Мицен, Присек, Кварцау, Редерајц, Заткау, Шланау, Зелвиг и Фадензен. До 1 ноември 2006 година, Кленце претставувало административно седиште на истоимената општинската заедница, која денес е дел од општинската заедница Лихов. Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia