Шнакенбург
Шнакенбург (германски: Schnackenburg) — мал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува најисточен дел во сојузната покраина Долна Саксонија, а со население од само 600 жители претставува еден од најмалите градови во Германија. Се наоѓа на левиот брег на Елба. Градот од сите страни, освен од запад, се граничи со територија на поранешната Источна Германија. Потекло на поимотПолапското име на Шнакенбург е Годегорд (Godegord), што веројатно означува „град на змиите“. Германското име Шнакенбург доаѓа од долносаксонскиот Снак (Snaak или Snack) и Борг (Borg) и има исто значење. ГеографијаМестоположбаШнакенбург се наоѓа во долината на Елба. Во градското подрачје во нејзе се влева Аланд. До повторното обединување на Германија во Шнакенбург постоела царинска и гранична контрола за бродскиот сообраќај. Фериботската линија со Литкенвиш во Бранденбург се обновила во 1990 година. Градски единициГрадот Шнакенбург се состои од следниве четири места:
Соседни местаСоседни места се Ланц, Бабекул, Бернхајде, Мителхорст и Јагел на североисток, Литкенвиш и Кумлозен на исток, Мигендорф, Клајн Ванцер, Ванцер, Аулозен и Штрезов на југоисток, Гумерн на југ, Каперн, Зоненхоф, Бухорст, Гартов, Кварнштет со Холторф на југозапад, како и Елбхолц, Гандов и Вустров на северозапад. ИсторијаПомеѓу 1945 и 1990 година, Шнакенбург се наоѓа на внатрегерманската граница и имал граничен премин за речниот сообраќај на Елба. Преминот бил отворен за товарни возила помеѓу Чехословачка, Источна Германија (до 1949 година, советската окупациска зона) или Западен Берлин и Западна Германија (до 1949 година, британската окупациска зона). Сообраќајот бил предмет на меѓузонските сообраќајни одреди, кои помеѓу Западна Германија и Западен Берлин следеле по договорот од 1972 година. ПолитикаГрадот Шнакенбург припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[2][3] Градски советГрадскиот совет се состои од 9 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалничка на градот е Ирене Браде. Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia