Хицакер
Хицакер (службено наречен: Хицакер (Елба); германски: Hitzacker) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 8 километри северно од градот Даненберг и 45 километри источно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот. Mеѓународно познатата библиотека „Херцог Август“ (денес сместена во Волфенбител) била основана во градот од страна на војводата Август Помладиот пред да биде преместена во 1643 година во замокот Волфенбител. ГеографијаМестоположбаХицакер се наоѓа на вливот на Јецел во Елба. Додека Елбхеен (исто така: Клеци), на чие југоисточно подножје се наоѓа Хицакер, природно припаѓа на Линебуршкото Поле, низинскиот дел на стариот град припаѓа на Елбталауе. Градски единициГрадот Хицакер се состои од следниве дванаесет места:
Историја![]() Областа била населена уште околу 3000 години п.н.е. на Хицакерското Езеро. Оттогаш областа постојано била населена. На ридот Вајнберг, веднаш до денешниот стар град (Altstadt), Словените изградиле замок во VIII век. Како последица на тоа, Хицакер станал важен трговски центар уште пред да ги добие своите градски права. Неговото точно основање како град било во 1258 година, додека во меѓувреме замокот ја изгубил важноста и почнал да пропаѓа.[3] Во 1548 година, во градот избил огромен пожар и останала само црквата и една куќа.[4] Во 1610 година, бројни луѓе во Хицакер и околината биле обвинети за магија.[5] На третиот ден на Божиќ во 1668 година, црквата и осум куќи изгореле.[6] На полапскиот јазик, кој изумрел во XVIII век, Хицакер бил наречен Љауци (Ljauci). На 1 јули 1972 година десет општини биле припоени кон Хицакер. Градот бил погоден од поплавите од Елба во периодот 2002-2006. Политика![]() Градот Хицакер припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[7][8] Градски советГрадскиот совет се состои од 15 избрани членови. На општинските избори од 11 септември 2016 година со излезност од 53,4 проценти биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалник на Хицакер е Холгер Мертинс (FDP). Збратимени градовиХицакер бил збратимен со следниве градови:
Знаменитости![]()
СообраќајХицакер има железничка врска до Даненберг и Линебург. Исто така, постојат автобуски врски до Линебург, Илцен и Даненберг, како и до окружниот град Лихов. Во градот постои фериботска линија преку Елба. Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia