Даненберг (Елба)За други истоимени места, погледајте Даненберг.
Даненберг (службено наречен: Даненберг (Елба); германски: Dannenberg) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 30 километри северно од градот Залцведел и 50 километри југоисточно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Елбталауе. Географија![]() МестоположбаДаненберг се наоѓа на реката Јецел близу нејзиниот влив во реката Елба, во средиште на природните области Вендланд и Алтмарк, долината на Елба и Линебуршкото Поле. Околу Даненберг се наоѓа биосферниот резерват на УНЕСКО Долносаксонска Елбталауе. Иако градот (најмалку до општинската реформа од 1972 г.) не се наоѓа директно на реката Елба, го носи додатокот Елба, за да се разликува од другите истоимени места. Соседни општиниГрадот Даненберг се граничи со шест општински единици од општинската заедница Елбталауе. Тоа се општините Дамнац (североисток), Гусборн (исток), Јамелн (југ), Карвиц (запад), Герде и градот Хицакер (обата северозапад). На север од градот, во местото Пенкефиц, Даненберг се граничи со општината Амт Нојхаус од округот Линебург. Градски единициГрадот Даненберг се состои од 28 единици по спроведената општинска реформа од 1972 година. Дополнително постојат пет имоти.
Имоти
ИсторијаИсторијата на градот започнала со изградбата на замокот (првпат споменат во 1153 година) во текот на владеењето на Волрад I, гроф на Даненберг (1153–1169), кој имал за задача да ја насели и обезбеди територијата од страна на војводата Хајнрих Лавот. Полапските имиња на Даненберг се Вајдарс (Weidars) и Војкам (Woikam). Политика![]() ![]() Градот Даненберг припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[3][4] Градски советГрадскиот совет се состои од 23 избрани членови.[5]
ГрадоначалникГрадоначалник на градот Даненберг е Гинтер Фос. Сите градоначалници од 1945 година:
Збратимени градовиДаненберг бил збратимен со следниве градови: Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia