Козма Погончев

Козма Погончев
Роден 1875
Загоричани, Отоманско Царство
Починал 29 јули 1934(1934-07-29) (возр. 58–59)
Пловдив, Бугарија

Козма (Кузо) П. Погончев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Погончев е роден во 1875 г. во селото Загоричани, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Заминал кај својот татко во Одрин, каде што во Одринската егзархиска гимназија завршил четврти клас. Подоцна станал учител и пеел во црковен хор во Камилите, Биралци, Загоричани, Черешница, Бобишта, Апоскеп и Рупишта.[1]

Во 1903 г. стапил во ВМОРО и бил легален деец. За време на Илинденското востание, Погончев бил комита во загоричанската селска чета. По задушувањето на востанието повторно станал легален деец, но бил прогонуван од грчките андарти и едвај успеал да избега во масакрот во Загоричани на 25 март 1905 г.[1]

Во ноември 1907 г. Козма, заедно со други учители е уапсен и затворен во Битолскиот затвор. Апсењето било поради пронајдените писма на загинатиот војвода Кузо Поп Динов. Козма бил амнестиран и ослободен по Младотурската револуција (јули 1908 година). Продолжил со учителската дејност во Костурско сѐ до почетокот на Првата балканска војна.[1]

По Втората балканска војна, Погончев бил принуден да ја напушти Македонија и заминал во Бугарија. Бил учител во Одрин во 1919 година и во селата Салаш, Медковец, Белозем и Доганово Конаре, каде се пензионирал во 1928 г. Станал и секретар на Одринската епархија на Бугарската егзархија. Подоцна живеел во Пловдив, каде бил раководител на месното друштво на Илинденската организација. Починал на 29 јули 1934 г.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Козма П. Погончевъ“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската Организация (2 - 3 (62 - 63): 11. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya