Кузо (Кузма) Поп Динов (познат и како Кузо Блатски[1]) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Во 1899 г. Кузо завршил грчка гимназија во Цотил, по што бил грчки учител во родното село. Подоцна станал бугарски учител во с. Черешница, Костурско, каде бил и дел од црковно-просветната борба на месното население.[5] Во овој период стапил во ВМОРО. За време на Иванчовата афера бил уапсен и осуден на 101 години затвор. Лежел во Горичкиот затвор, но во 1903 г. бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание, кога бил раководител на Блацкиот центар и војвода на чета. Учествувал и во преземањето на гратчето Клисура на 23 јули 1903 година.
По преземањето на Клисура, Поп Динов одржал говор пред месните жители. Вака говорот го пренесува Христо Силјанов:
„
Кузо п. Динев објасни на грчки, дека борбата се води за ослободување на сите христијански народи и нема да престане, додека заедничката татковина — Македонија — не ја добие својата автономија. Мажи, жени и деца — сите жители на Клисура по говорот извикале „ура“, кое всушност беше нешто како „уља“: така можеле да го изговорат клисурските Власи.[6]
“
По востанието се префрлил во Грција, а оттаму во Варна, Бугарија. Во март 1904 година, заедно со Георги Христов имал обид да се врати во Македонија, но биле уапсени во тесалискиот град Трикала. Кузо Поп Динов едвај бил ослободен во декември 1904 г.[7]
На крајот на 1905 г. се вратил со чета во Костурско и учествувал во борбата против грчки андарти. Летото 1906 г., четата на Пандо Кљашев и Атанас Кршаков заробиле андартска кореспонденција, а Атанас Пировски и учителот Никола Калановски од Косинец ја дешифрирале шифра на писмата. Поп Динов пратил фалсификат писмо од името на измислениот капетан Бељос до водачот на грчкиот комитет во Песодер – поп Ставрос Цамис (Ставре) и се сретнал со него и раководителите на комитетот Доре, хаџи Коце и Хасан Чауш – и ги убива.[9]
По смртта на Митре Влаот, Кузо станал помошник на новиот реонски војвода Христо Цветков и за реон на дејствување го имал јужниот дел на Вич.
Во 1907 година, Кузо Поп Динов навлегол од Бугарија во Македонија кон Костурско. Решил да го убие гркоманскиот поп на село Олишта – Христо Поп Михајлов, кој живеел во Костур и бил прв помошник на костурскиот митрополитГерманос Каравангелис. Негов комита бил всушност синот на поп Христо – Пандели, кој тајно се сврзал со својот чичко Кирјак Гуљо и го предупредил татко му.[10] Поп Христо и митрополит Герман се поврзале со началникот на гарнизонот во Костур и ги известиле за пристигнувањето на четата и тој веднаш пратил аскер во с. Олишта. Четата заминала за Черешница, а Пандели излажал дека е болен и останал во Олишта. Пристигнатите Турци во Олишта, каде го фаќаат Пандели и тој ја издава положбата на четата на Поп Динов на гавазите и на митрополитот Герман. Двајца војници го праќаат Пандели до Костур, а останатите заминуваат за Черешница. На 18 ноември 1907 г. ја опколиле куќата во која била четата на Кузо и ја палат.[11] За да не биде заробен, Кузо се самоубил.[12][13] Неговите револуционерни дејности се опеани во народна песна.[14]
Кузо Блатски од с. Блаца, со средно грчко образование, најактивниот и најпознатиот попеколен војвода, кој учествувал во многу битки со Турци и Грци, несебичен херој и храбар патриот, станал жртва на грчко предавство во с. Черешница по крвава борба со турската војска.[15]
“
Наводи
↑Узунови, Ангел и Христо (2015). Псевдонимите на ВМРО. Скопје: ДАРМ. стр. 70.
↑Тзавелла, Христофор (2003). Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев. София: Македония прес. стр. 303–304. ISBN954-8823-46-2.
↑Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 52. ISBN9789544961022.
↑Шклифов, Благой (2011). На кол вода пиехме : Записки за Христовите мъки на българите в Егейска Македония през ХХ век. София: Издателство „Изток-Запад“. стр. 26. ISBN978-954-321-961-2.
↑Шклифов, Благой (2011). На кол вода пиехме : Записки за Христовите мъки на българите в Егейска Македония през ХХ век. София: Издателство „Изток-Запад“. стр. 210. ISBN978-954-321-961-2.
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 53.