Комо (езеро)За други значења на поимот, погл. Комо (езеро) (појаснување).
Комо (италијански: Lago di Como или Lario) — езеро од ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км2 и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина. Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба. Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност слеп завршеток бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили. Името на езеротоВистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“. Крајезерски населени места![]()
![]() ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia