Конечки Езера

Конечки Езера
Поглед на едно од двете Конечки Езера
Координати41°30′46″N 22°23′30″E / 41.51278°N 22.39167°E / 41.51278; 22.39167
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „м“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „м“
}}
24,412 м2[1] и
21,304 м2[2] км2
Најг. длабочина6 м[3] м
Зафатнина20 мил. м3[3] км3
Надм. височина600 м[3] м

Конечки Езера (познати и како Конче 1 и Конче 3) — вештачки езера во Лакавичко, во југоисточниот дел на Македонија. Сместени се на 1 километар од селото Конче, административно седиште на истоимената општина, каде што и се наоѓаат самите езера. Зафаќаат вкупна површина од 45.716 м2, од кои поголемото зафаќа 24.412[1], а помалото 21.304 м2[2].

Езерата служат за наводнување на околу 10 до 15 хектари обработливи површини, а целосниот капацитет на акумулирана вода во двете езера изнесува 20 милиони м3, додека мрежата за наводнување задоволува 90 хектари површина.[3]

Езерата се создадени од околни извори, а истекот се користи исклучиво за наводнување и водата понира.

Историја

Поглед на едно од двете езера

Акумулациите Конче 1 и Конче 3 се создадени во 1961 година во близина на истоименото село со основна намена за наводнување на земјоделските површини. Вкупната бруто-зафатнина на езерото изнесува 20 милиони м3, од кои корисната зафатнина изнесува 16 милиони м3. Максималната длабочина на езерата е 6 метри.[3]

Флора и фауна

Во двете акумулации се сретнуваат зелената, синозелената и пирофитната алга. Во двете езера присутни се следниве видови на риба: крап, плашица, клен, црвеноперка, лињак, караш и кркушка.[3]

Во акумулацијата се сретнуваат и: ракови, жаби, водни желки и водни змии.[3]

Туризам

Во текот на 2014 година, Општина Конче партерно ги уредила бреговите на езерата, со изградба на крајбрежни патеки, летниковци и средување на целата блиска околина.[4]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Парцела бр. 919/7, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Архивирано од изворникот на 2024-12-19. Посетено на 21 мај 2016.
  2. 2,0 2,1 „Парцела бр. 919/3, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Архивирано од изворникот на 2024-12-19. Посетено на 21 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Костов, Васил (октомври 2015). „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулации Конче 1 и Конче 3" за период 2017-2023 година“ (PDF). Институт за сточарство. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. стр. 1–16. Посетено на 21 мај 2016.
  4. „Партерно уредување на езерата Конче 1 и 3“. Општина Конче. 16 јуни 2014. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya