Костадин Костадинов
Костадин Костадинов (22 март 1990 во Струмица) — македонски економист и политичар, градоначалник на општина Струмица од 2021 година, пратеник во Собранието на Републиката од 2017 до 2021 година, вршител на должноста градоначалник на Струмица од 2016 до 2017 година. ЖивотописТој е роден во 1990 година во Струмица. Основно и средно образование стекнал во својот роден град. Високо образование завршил на Економскиот факултет при приватниот универзитет АУЕ-ФОН. Политичка активностСвојата кариера како политичар ја започнал како член на Советот на општина Струмица. За време на градоначалничкиот мандат на Зоран Заев, тој ја вршел и функцијата заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, бил именуван за вршител на должноста градоначалник на Струмица откако Заев се повлекол од истата поради ангажирања во парламентот, како и скорашното добивање на мандат за формирање на нова влада. Тој бил в.д. градоначалник на Струмица до локалните избори во 2017 година, а на 20 октомври функцијата ја предал на победникот на изборите Коста Јаневски.[1] Од ноември 2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.[2] На локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 53,70% од гласовите.[3] Костадинов од својот претходник Коста Јаневски функцијата градоначалник на општина Струмица ја презел на 27 октомври.[4] Партиска активностТој е член на СДСМ. Во 2011 година бил именуван за претседател на СДММ – Струмица, локалната младинска организација на партијата, и ја водел истата до крајот на октомври 2018 година. Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член на Извршниот одбор на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Во март 2018 година бил избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, бил назначен за портпарол на партијата.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia