Градското собрание — зградата на општина Струмица, во неа е сместена канцеларијата на градоначалникот
Градоначалник на општина Струмица — највисокото тело заедно со Советот на општина Струмица кое ја застапува и претставува општината. Градоначалникот се избира на секои четири години на непосредни и слободни избори. Тековен градоначалник е Костадин Костадинов од СДСМ кој доаѓа на функцијата на 27 октомври2021 година.[1]. Првиот градоначалник во независна Република Македонија бил Костадин Манолев. Канцеларијата на градоначалникот е во Зградата на општина Струмица.