Коста Јаневски (р. 13 мај 1960 г во Штип) — градоначалник на Општина Струмица во периодот од 2017 до 2021 година, и поранешен Пратеник во Собранието на Република Македонија. По професија е лекар интернист. Бил избран за Член на Советот на општина Струмица двапати во периодот од 2009 до 2016 година. Членува во политичката партија СДСМ.
Рани години и лекарска кариера
Коста Јаневски е роден на 13 мај 1960 година во Штип, НР Македонија. Основно и средно училиште завршил во Струмица, а потоа студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на факултетот се враќа во Струмица и започнува со работа во Општата болница. Во 2002 година го доусовршува своето образование со специјализација по интерна медицина, при што се посветува на својата работа како лекар интернист.
Партиска и политичка кариера
Во 2009 година се вклучил во политиката и е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Истата година бил избран за член на Советот на општина Струмица. Четиригодишниот мандат го продолжил, и во 2013 година по вторпат станал член на советот. Во 2016 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.[1] Пратеничкиот мандат го прекинал откако победил на локалните избори за градоначалник на општина Струмица, при што на 20 октомври 2017 година ја презел функцијата од Костадин Костадинов, вршител на должноста.[2]. Функцијата ја извршувал до 27 октомври 2021 година[3]..
Наводи
Надворешни врски