Коста Шахов
Коста Шахов (1862-1917), преродбеник, прв претседател на „Младата македонска книжевна дружина“, соработник на списанието „Лоза“, соработник на бројни гласила во кои се објавувале прилози со македонска тематика. Автор на неколку книги со белетристички и публицистички карактер. Иако се сметал за Бугарин, вешто балансирал помеѓу идејата за културно и политичко осамостојување на Македонија и нејзиното присоединување кон Бугарија[1]. ЖивотописКоста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид. Дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе.[2] Дејноста меѓу македонската емигарцијаКоста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весникот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година.[3] Во првиот број на весникот било истакното дека:
Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обединување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија.[3] Се повикувале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средства.[3] Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес.[3] Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија.[3] Во тој контекст било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија треба да се обединат сите народности во Македонија.[3] Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:
потпишана со псевдонимот:
Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:
Понатаму во статијата било истакнато дека населението во Македонија треба да биде нарекувано исклучиво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без претставките бугаро, србо, елино и румуно.[3] Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец.[3] Учество во македонското националноослободително движење![]() Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво).[5] Негови позначајни членови биле Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и други. Целта на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагандите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а Шахов учествувал во неговата подготовка. Во јули 1893 година Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитетно лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кој тогаш учел во военото училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:
По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот. Членувањето во Македонскиот комитетКоста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев. Однос кон Македонското прашањеКоста Шахов се залагал за решавање на Македонското прашање преку создавање на македонска самостојна држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот „Батемберк“ во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:
Во весникот „Македонија“ (број 4, Русе, 11. ХI.1888 година), во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот уредник - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример:
СмртПо долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело и македонската емиграција во Бугарија, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија. ПублицистикаСоработува во списанието Лоза (весник) (1892), по обновата на ММД (младата македонска дружина) учествува во работата на неговиот официјален орган Глас Македонски (1894-1898), потоа во весниците Борба за слободата на Македонија и Одринско, Борба (1905). Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia