Четата на Владислав Ковачев, 1903 година.
Владислав Ковачев , познат и како Славчо Ковачев (5 јануари 1875 - 13 септември 1924 ) ― скопско -штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија “ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација , пламен приврзаник на една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица[ 1] . По завршувањето на Военото училиште во Софија , се вклучил во македонското револуционерно движење[ 1] . Бил противник на врховизмот на генерал Цончев [ 1] . Со својата чета водел борби против врховистите во Македонија[ 1] . Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско , Кочанско и Кратовско [ 1] . По востанието се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија [ 1] . Бил уредник на весникот „Автономна Македонија “ каде остро ги разобличувал непријателите на ослободителното дело на македонскиот народ и оние што довеле до безмилосното распарчување на Македонија[ 1] . Ковачев бил убиен среде бел ден од страна на автономистичката ВМРО и платениците на Ванчо Михајлов [ 1] во текот на Горноџумајските случувања .
“Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неa. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот““ .
—Владислав Ковачев
Надворешни врски
Наводи
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Јован Павловски, уред. (2006). МИ-АНОВА енциклопедија, општа и македонска . 2 . Скопје: МИ-АН. стр. 777–778. ISBN 998-61393-1 .