Александар Радев
Александар Петров Радев — македонски деец и бугарски политичар, општественик и активист на Прогресивно-либералната партија. Тој бил претседател на Врховниот македонско-одрински комитет (1898-1899), министер за правда (1901-1902) и работел во народното просветителство (1902-1903). ЖивотописАлександар Радев е роден на 7 март 1864 година во Битола. Завршил право на Атинскиот универзитет. По школувањето се преселил во Бугарското кнежевство каде работел како адвокат во судовите во Ловеч, Трново и Софија, а во 1892 година започнал адвокатска пракса во главниот град. Во 1895 година влегол во македонскиот комитет, а од 1898 до 1899 бил негов претседател. Тој бил и претседател на Правното друштво и доцент по византиско право на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.[1] Во бугарската политикаРадев влегол активно во бугарската политика и на крајот на 1890-те станал член на Централното биро на Прогресивно-либералната партија. Кога партијата дошла на власт, станал министер за правда, каде што останал од 4 март 1901 до 15 ноември 1902 во четвртата влада на Петко Каравелов. Како министер за народното просветителство од 15 ноември 1902 до 18 мај 1903 година во првата влада на Стојан Данев. Меѓу македонската емиграцијаВо јуни 1898 година, за време на V македонски конгрес на Врховниот македонско-одрински комитет бил избран за негов претседател. Комитетот не ги исполнил очекувањата бидејќи постоел судир меѓу самите членови на комитетот.[2] За време на VІ македонски конгрес бил избран за претставник на ВМК на престојната прва мировна конференција во Хаг. Имал задача да стапи во контакт со ерменското движење Трошак и заеднички двете организации да го постават македонското и ерменското прашање. СмртАлександар Радев умрел по операција на 4 јуни 1911 година во Виена.[3] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia