Христо Саракинов![]() Христо Саракинов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, бугарски офицер и капетан. ЖивотописСаракинов е роден во 1872 година во селото Саракиново, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Учи во Воден, Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна во Военото училиште во Софија, кое го завршува во 1895 година и пристапува на воена служба во бугарската армија. Влегува во Македонскиот комитет. Во 1900 година ја напушта службата и се придава целосно на револуционерна дејност. На VІІ македонски конгрес е избран за член на ВМОК. Од 1901 година е војвода на ВМОК во Мелничко и Петричко. По поделбата во ВМОК во летото 1902 година , Саракинов е меѓу Цончевистите. Во летото 1902 година четата на Саракинов влегува во борба со четите на Иљо Крчовалијата, Јане Сандански и Атанас Тешовалијата во месноста Арамийката чешма помеѓу селата Петрово и Голешово, во кое загинале Теофил Иванов [1], Ангел Спанчовалијата и уште тројца врховисти [2][3][4] . Сакариков учествува како војвода во Горноџумајското востание од септември 1902 и Илинденското востание од август 1903 година. По востанието се враќа во бугарската армијата. Починал во 1908 година [5][6]. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia