Кочанска Бања![]() ![]() Кочанска Бања ― бања во подножјето на Осоговските Планини, на надморска височина од 340 метри. Сместена е во кочанското село Бања, на 5 километри западно од градот Кочани.[1] Народната традиција зборува дека селото Бања името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото. Денес, бањата е целосно напуштена, руинирана и обрасната со вегетација, без нејзино користење.[2] МестоположбаДо бањата, како и до самото село Бања, води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2342 пред самото село Бања, додека од новиот експресен пат на А3 се двои кај клучката Спанчево. Предиспонирана е со расед што води покрај северниот раб на Кочанската Котлина.[1] ИсторијаИако денес оваа бања не ги користи во потполност потенцијалите кои ги поседува, треба да се истакне дека се работи за бања кои ја користеле уште Римјаните. Во периодот на осмалинското владеење на овие простори Бањата била користена и од Турците.[1] Поранешната римска бања имала еден базен, а просторијата во која се наоѓал базенот била покриена со камени плочи.[2] Првиот хотел за бањата бил изграден во 1951 година.[3] Новата бањска зграда била изградена во 1970-тите години на местото на разрушената римска бања. Со бањата управувал здравствениот дом од Кочани.[2] До крајот на 1980-тите години, бањата била една од најпознатите во Македонија, па и пошироко. Во „најубавите“ години, годишно ја посетувале околу 10.000-15.000 луѓе што имале здравствени проблеми.[2] Од 1990-тите години, па наваму бањата е целосно запоставена и уништена.[2] Бањата се состоела од хотел со ресторански дел, кој денес е целосно уништен. Покрај хотелот, повеќе од половина од куќите во селото издавале соби под наем и со тоа селото Бања било едно од селата со најразвиен селски туризам.[2] ИзвориВодата потекнува од резервоар што е сместен во палеозојски шкрилци и мермери. Порано изворот бил со мала штедрост, но со дупчења количеството на термоминерална вода е зголемено и изнесувало 65 литри во секунда, со температура од 64°C.[1] По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани топли води. Во неа преовладуваат хидрокарбонатите, слабо е алкална и со низок степен на радиоактивност. Од катјоните најмногу содржини натриум, калиум, калциум и магнезиум, а од анјоните хлор, сулфати, хидрокарбонати, силициумоксид, алуминиумоксид, железооксид и други.[1] Поседува и ретки минерали, како што литумот, цезимуот, рубидиумот и слично. Слабо е радиоактивна, има само 8 м.е..[1] Ниската радиоактивност на водата благотворно делува на катаралните воспалувања и заболувањата на дишните ограни. Според физичко-хемиските особини е слична со водата од Негорската Бања.[1] ЛекувањеВаквите физичко-хемиски својства на водата во Кочанската Бања претставуваат основа врз која се засновало нејзиното користење за лечење на бројни болести. Главно се користела при лечењето на следните болести:[1]
Наводи
Надворешни врски
41°54′40″N 22°20′1″E / 41.91111°N 22.33361°E |
Portal di Ensiklopedia Dunia