Истибања
Истибања — село во Општина Виница, во околината на градот Виница. Географија и местоположбаСелото Истибања се наоѓа во Виничко-Кочанската Котлина, недалеку од Истибањската Клисура, на регионалниот пат Кочани - Делчево. Сместено е помеѓу коритото на реката Брегалница, на 7 километри североисточно од Виница и 10,5 километри источно од Кочани. Се смета за рамничарска населба, на надморска височина од 380 метри. Познато е по термалните води кои извираат во близина, како и по многуте лековити билки во околината. . ИсторијаСпоред легендата, селото Истибања го добило своето име по еден Турчин од Бугарија, кој бил дојден на неколку дена во селото и бил пречекан многу добро од селаните. Тој ги прашувал сите како се вика селото, а сите одговориле со различни имиња. Кога тој прашал по што е познато селото и што е убаво таму, сите рекле дека тоа се двете бањи. Така тој ги нарекол бањите „истибања“ (еднакви) и тоа станало име на селото. Културни и природни знаменитостиВо селото има две цркви, посветени на св. Петка и Св. Стефан. Големо туристичко одредиште се лековитите геотермални бањи. Низ селото тече реката Брегалница, а над селото се наоѓа Истбањската брана и кањонот на реката Брегалница со Калиманската брана. Во Истибања има и две археолошки наоѓалишта — населба од римскиот период Бадем баир и Раклеви бавчи.[2] Редовни настаниСекоја година во третата седмица од месецот септември во селото се одржува фолклорниот фестивал „Здравоживо“ на кој земаат учество неколку групи од Македонија и светот.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Истибања живееле 970 жители, од кои 750 Турци, 150 Македонци и 70 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истибања имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Истибаши имало 424 жители, од кои 308 Турци и 116 Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци, 250 Турци и 100 Власи.[7] Според пописот од 2002 година, во селото живеат 1.476 жители, од кои 1.475 Македонци и 1 Србин.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 897 жители, од кои 836 Македонци, 1 Албанец, 2 Роми, 1 Влав, 3 останати и 54 лица без податоци.[9] На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
РодовиИстибања е македонско село, а имало и други народности во селото. Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се Турски
Македонски
Влашки
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 318 и 319 според Државната изборна комисија, сместени во месна заедница и основното училиште.[12] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.192 гласачи.[13] Култура и спортСелото Истибања има многу културни традиции како старите песни и ора, а воедно и споменици како старите џамии и куќи во селото. Во селото опстојува културниот уметнички ансамбл „Китка“, а се одржува и фестивалот Здравоживо. Во селото имало активна фудбласка екипа ФК ЛИЛЈАК која играла во општинската лига на Виница , името го носела по селската задруга[3] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоВо почетокот на 20 век селото било воглавно турско. Во селото имало преку 200 турски куќи. Но тие потоа постепено се иселувале во Турција. Во 1912 година во Турција се иселиле 170 турски семејства, во 1935 година се иселиле 10 семејства, а од 1954 до 1959 се иселиле 35 семејства. Македонски иселеници од ова село има во селото Оризари (Бекерци). Влашки иселеници од селото има во селото Ќоселари (Симовци).[11] ГалеријаПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia