Кошќушко (национален парк)
![]() ![]() Кошќушко (Kosciuszko National Park)) е најголемиот национален парк во aвстралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Паркот е дел од Австралиските Алпи, а името го добил по истоимената планина, на која се наоѓа највисокиот врв во Австралија кој исто така влегува во склопот на овој национален парк. Од 1977 година, поголемиот дел од паркот е вклучен во светската мрежа на биосферни резервати.[1] Во 1996 година, Синото езеро кое се наоѓа во паркот, било внесено на списокот на мочуришта заштитени со Рамсарската конвенција.[2] Во 2008 година, Националниот парк Кошќушко, заедно со другите заштитени подрачја од Австралиските Алпи, бил вклучен во списокот на австралиско национално наследство.[3] Физички и географски одликиНационалниот парк се наоѓа во источниот дел од сојузната држава и се граничи со Националниот парк Намаџи во Викторија. Кошќушко е најголемиот национален парк во Нов Јужен Велс и Австралиските Алпи. Планината Кошќушко која се наоѓа на територијата од паркот достигнува висина од 2228 метри.[4] Висината над морското ниво се движи од 213 метри до оваа ознака.[5] На територијата на националниот парк Кошќушко извираат најголемите реки во регионот: Снежната река, Мари и Марумбиџи.[1] Освен тоа, во паркот има пет езера од глацијално потекло меќу кои позначајни се: Синото Езеро, Албина и Хедли Тарн. Синото езеро е едно од четирите езера во Австралија сместено на дното од цирк.[6] Биосферниот резерват ја зафаќа речиси целата површина на националниот парк: 6255,25 км2.[1] Флора и фаунаВо паркот има шест зони со диви животни: Бјадбо, Пилот, Јагунгал, Богонг Пикс, Губарагандра и Бимбери, со вкупна површина од околу 3000 км2. Овде виреат ретки видови, меѓу кои има и многу ендемични видови.[4] Меѓу ретките животни кои го населуваат паркот се планинскиот џуџест опосум (лат: Burramys parvus), кој до 1966 година се сметал за изумрен до 1966 година, и жабата Pseudophryne corroboree.[4] ТуризамНационалниот парк Кошќушко е еден од најпознатите национални паркови во Австралија, кој годишно го посетуваат околу три милиони туристи. Во паркот се наоѓаат сите скијачки центри во Нов Јужен Велс.[4] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia