Кредитен ризикКредитен ризик (англиски: Credit risk, Default risk) — веројатност дека должникот нема навреме да ги извршува своите обврски, т.е. да ги отплаќа основниот долг и каматата според договорените услови. Поим за кредитен ризикКредитниот ризик ја претставува потенцијалната загуба што ќе ја претрпи банката во случај нејзиниот должник да не ги исполни своите договрни обврски, т.е. да не ги врати позајмениот износ и каматата во договорениот износ и во договорениот рок.[1][2] НБРМ го дефинира ризикот како ризик од загуба за банката, поради неможноста нејзиниот клиент да ги намирува своите обврски кон неа, во договорениот износ и/или договорените рокови. Притоа, на овој ризик не се изложени само кредитите кои ги одобрува банката, тој и голем број други активности, вклучувајќи ги и вонбилансните позиции. Така, изложеноста на кредитен ризик вклучува: кредити и депозити, финансиски лизинг, извршени плаќања врз основа на дадени гаранции, акредитиви, авали и други вонбилансни позиции, камати, провизии и надомести, побарувања од Република Македонија и Народна Банка на Република Македонија, откупени побарувања (факторинг и форфетинг), вложувања во хартии од вредност и други финансиски инструменти коишто се чуваат до достасување, вложувања во хартии од вредност и други финансиски инструменти расположливи за продажба и други билансни побарувања коишто ја изложуваат банката на кредитен ризик, вонбилансни позиции врз основа на неискористени неотповикливи рамковни кредити, неискористени неотповикливи кредити врз основа на дозволени пречекорувања, кредитни картички и друг вид потенцијална кредитна изложеност, неизвршени преземени неотповикливи обврски за откуп на побарувања (факторинг и форфетинг), издадени непокриени гаранции, отворени непокриени акредитиви, дадени авали, дадени акцепти, издадени непокриени чинидбени гаранции и други вонбилансни позиции коишто претставуваат потенцијална обврска за банката.[3] Остварувањето на кредитниот ризик честопати е проследено и со нефинансиски ризици, чии ефекти се манифестираат како: економски загуби за банката (деловен ризик) и нарушување на нејзиниот углед (репутациски ризик).[4] Кредитниот ризик се состои од: ризик пред плаќањето (pre-settlement risk) и ризик при плаќањето (settlement risk). Првиот се однесува на потенцијалната загуба поради банкрот на должникот за времето додека трае трансакцијата. Овој ризик може да постои долг период, често и повеќе години, почнувајќи од времето кога е склучен договорот до наплата исплатата на долгот. Вториот ризик се однесува на ризикот кога наплатата или размената на финансиските текови да не се прави директно од должникот на банката која врши кредитирање, туку преку банки-посредници кои, исто така, може да не ги исполнат обврските за време на моментот на извршување на наплатата на кредитот. Овој ризик постои од моментот кога должникот прави исплата соодветно на своите обврски до моментот кога банката која го врши кредитирањето не ги добие средствата.[2] Кредитниот ризик има три димензии: ризик од неплаќање (default risk), ризик на изложеност (exposure risk), ризик на надоместување на кредитот (recovery risk):[5]
Една слична поделба наведува три фактори на кредитниот ризик: ризик од неплаќање (default risk), ризик на изложеност (exposure risk), ризик од загуба (loss risk).[2]
Според друга поделба, постојат два основни вида кредитен ризик:[6][7]
Причини за појава на кредитниот ризикКредитниот ризик е тесно поврзан со информациите што банката ги поседува за клиентите. Со кредитната анализа, банката треба да ја оцени кредитната способност на барателите на кредити, врз основа на расположливите информации за нивното работење, како и за проектите за кои се бара финансирање. Меѓутоа, банката нема целосни информации за нејзините клиенти, туку при оцената на кредитната способност, банката во голема мера се потпира врз информациите што ги доставуваат самите клиенти. Притоа, банката и нејзините клиенти се наоѓаат во нерамноправна положба, т.е. тие знаат повеќе за ризиците на кои се изложени отколку што знае банката. Одовде, асиметричните информации (asymetric information) се основниот извор на кредитниот ризик. Бидејќи банката одлучува врз основа на нецелосни информации, таа не може на секој поединечен должник да му одреди каматна стапка соодветна на неговото ниво на ризичност. Затоа, клиентите што се ангажирани во поризични проекти се заинтересирани да ја платат каматната стапка на кредитот, бидејќи таа е пониска од онаа што банката би ја пресметала кога би имала точни информации за ризичноста на проектот. Тоа значи дека асиметричните информации ги поттикнуваат поризичните клиенти да се финансираат со кредити, т.е. поради асиметричните информации, банката е наклонета да ги избира поризичните клиенти – проблем којшто е познат како погрешен избор (adverse selection). Во продолжение, откако е одобрен кредитот, асиметричните информации предизвикуваат уште еден дополнителен проблем, а тоа е моралниот хазард (moral hazard): должникот може да го искористи кредитот за преземање поризични активности, со надеж дека ќе оствари повисок принос. Меѓутоа, ваквото однесување на должникот ја зголемува веројатноста од невраќање на кредитот, особено во случаите кога банката не може да ги контролира неговите активности.[8] Голем број фактори влијаат врз можноста на корисникот на кредитот да ги намири своите обврски кон банката, а тие се групирани во две групи, и тоа:[9]
Кредитниот ризик, всушност, претставува функција на егзогените (систематски) и ендогените (несистематски) фактори. Егзогените фактори можат да влијаат врз појавата на кредитниот ризик на поединечни пазари. Ако економската активност расте, корисниците на кредитите ќе ги враќаат земените кредити затоа што полесно ќе остваруваат профит, и тогаш кредитните загуби би биле помали, и обратно во случај на пад на економската активност. Ендогените (интерни) фактори, кои може да ги контролира банката, се изразуваат преку однесувањето на менаџментот на банката во поглед на управувањето со кредитниот ризик. Показатели за оценување на изложеноста на банката на кредитен ризикНајчесто употребувани показатели на изложеноста на банката на кредитен ризик се:[10]
Како голем недостаток на повеќето од наведените показатели е тоа што тие се пресметани врз основа на историски податоци, така што го покажуваат кредитниот ризик што банката веќе го презела врз себе. Во продолжение, постојат и некои други показатели што можат да сигнализираат дека банката се соочува со зголемен кредитен ризик. Таков е случајот со показателите на територијалната и секторската концентрација на кредитите, коишто ја покажуваат структурата на вкупните кредити по географски подрачја и по одделни стопански сектори и гранки. Притоа, ако поголемиот дел од кредитите на банката се концентрирани во едно подрачје или во еден сектор, тоа упатува на поголем кредитен ризик, бидејќи неповолните економски и други настани во тоа подрачје или сектор може да предизвикаат проблеми во наплатата на кредитите. Исто така, високите стапки на пораст на кредитите на банката претставува показател на кредитниот ризик, зашто кога банката забележува претерано висок пораст на одобрените кредити, тој вообичаено е проследен со недоволна кредитна анализа, прифаќање клиенти со повисок кредитен ризик итн.[11] Кредитниот ризик во банкарскиот сектор на МакедонијаНепосредно по монетарното осамостојување на Македонија, банкарскиот сектор се наоѓал во катастрофална состојба, предизвикана од товарот на лошите кредити. Така, според некои проценки, во 1993 година, лошите кредити зафаќале дури 70% од кредитното портфолио на банкарскиот сектор! Тоа било последица на поврзаноста на банките со нивните главни должници, кои учествувале во органите на управување на банките, како и на политичкото влијание врз банките. За решавање на проблемот со лошите кредити, во 1995 година била спроведена санација на банкарскиот сектор, при што овие кредити биле исчистени од билансите на банките и пренесени во Агенцијата за санација на банки. Лошите кредити продолжиле да го оптоваруваат банкарскиот сектор дури и по спроведената санација на банките. Навистина, учеството на лошите кредити во бруто-кредитите постепено се намалило од 44,4% во 1995 година, на 32,9% во 1998 година, но нивниот обем сè уште бил премногу голем. Освен тоа, веќе следната година, како последица на војната во Косово, износот на лошите кредити повторно се зголемил, достигнувајќи 41,3% од вкупните кредити. Исто така, високото учество на лошите кредити се задржало и во ткот на 2001-2002 година, како резултат на опаѓањето на стопанската активност, предизвикано од војната во Македонија.[12]
Во текот на 2009 и 2010 година, како последица на ефектите од светската финансиска и економска криза, повторно се зголемил обемот на лошите кредити, кои достигнале 7,1% на крајот на 2010 година. Освен тоа, треба да се забележи дека кредитното портфолио на македонските банки сè уште е полошо во споредба со просекот на ЕУ, каде што учеството на лошите кредити изнесува околу 3%.[12] Управување со кредитниот ризикСпоред Базелскиот принцип број 8 за следење и управување на кредитниот ризик банките треба јасно да ги дефинираат одговорностите на лицата вклучени во сервисирањето и следењето на кредитното портфолио на банката. Имено, при воспоставувањето на организационата структура на кредитната администрација банката треба да осигура:[13]
Суштината на политиката на управување на кредитниот ризик претставува дефинирање на мерки за негово ограничување и утврдување напараметри со кои ќе се контролира и следи. Специфичните мерки за управување на кредитниот ризик вклучуваат три вида начела и тоа:[14]
Банката треба да поседува соодветен систем за управување со кредитниот ризик, којшто треба да ги вклучи следниве елементи:[15]
Базелскиот комитет ги воспоставил следниве принципи за управување со кредитниот ризик:[16]
Управувањето со кредитниот ризик треба да се заснова врз цврсто поставени политики, со кои треба да се определат:[15]
Процесот на управување со кредитниот ризик претставува опфаќа идентификување, мерење, контрола, следење и намалување/отстранување на кредитниот ризик.[17] Процесот на управување со кредитниот ризик претежно е во надлежност на управниот одбор и на одборот за управување со ризиците, макар што определени надлежности и задачи имаат и другите органи на банката, како надзорниот одбор или службата за внатрешна ревизија. Притоа, од исклучителна важност за управувањето со кредитниот ризик е прецизно да се разграничат организациските делови и лицата кои се задолжени за одделни фази на кредитниот процес, а особено да се изврши издвојување на службата за управување со кредитниот ризик од службите и органите коишто ги одобруваат кредитите.[15] Процена и мерење на кредитниот ризикУште пред одобрувањето на кредитот, банката прави продлабочена анализа со цел да ја утврди способноста на кредитобарателот за навремено враќање на кредитот. Сепак, ниту најдобрата кредитна анализа не може да го отстрани кредитниот ризик, бидејќи по одобрувањето на кредитот можат да настанат некои промени кај должникот или во окружувањето, што ќе можат да се одразат врз неговата способност за извршување на неговите обврски кон банката. На пример, економијата може да ја зафати остра рецесија, што ќе предизвика намалување на приходите на претпријатието и, оттука, тоа не ќе може навреме да го отплаќа земениот кредит. Или, поради разни причини, човек може да остане без работа и поради тоа да не може да го врати потрошувачкиот кредит.[18] Меѓутоа, банките се заинтересирани и за оцена на вкупната изложеност на кредитниот ризик, т.е. за мерење на кредитниот ризик на целокупното кредитно портфолио. Тоа произлегува оттаму што кредитниот ризик на целокупното портфолио не е едноставен збир на кредитниот ризик на поединечните кредити, а основната причина за тоа е корелацијата меѓу поединечните кредити. Оттука, најголемите банки применуваат современи (и многу скапи) модели за мерење на вкупната изложеност на кредитниот ризик, коишто се засновани врз современата портфолио-теорија и кои вклучуваат употреба на сложени статистички техники. Притоа, најпознати модели за мерење на вкупниот кредитен ризик се: „Кредитен ризик плус“ (CreditRisk+TM), развиен од страна на банката „Кредит свис“ (Credit Suisse Financial Products); „КМВ портфолио-менаџер“ (KMV PortfolioManagerТМ) изработен од претпријатието „КМВ“ (KMV Corporation) и; „Кредитметрикс“, производ на банката „Ј.П. Морган“.[19] Најупотребуваните модели за моделирање на кредитниот ризик се поделени во четири главни групи и тоа:[20]
Класификација на кредитите според кредитниот ризикСпоред меѓународните стандарди, активните билансни и вонбилансни позиции на банките се класифицираат во следниве категории:[21]
Според регулативните прописи во Македонија, секоја банка мора да изврши класификација на сите активни позиции од билансот на состојбата, вклучувајќи ги и активните вонбилансни позиции. Изложеноста на кредитен ризик, кој е предмет на класификација на банката, ги опфаќа:[22]
Активни билансни ставки кои не се предмет на класификација според степенот на кредитен ризик се следните:[22]
При класификацијата на изложеноста на кредитен ризик банката ги има предвид:[22]
Кредитната способност на клиентот се оценува најмалку според следните елементи:[22]
При утврдување на уредноста во намирувањето на обврските од страна на клиентот се има предвид:[22]
При утврдување на квалитетот на обезбедувањето се имаат предвид следите елементи:[22]
Категории на кредитен ризикБанката ја класифицира изложеноста на кредитен ризик во следните категории на ризик:[22] Во категорија на ризик А се класифицира:
Во категорија на ризик Б се класифицира:
Во категорија на ризик В се класифицира:
Во категорија на ризик Г се класифицира:
Во категорија на ризик Д се класифицира:
По извршената класификација на изложеност на кредитен ризик на поединечна основа, банката врши исправка на вредноста на активните билансни побарувања, односно издвојува посебна резерва за активните вонбилансни побарувања преку утврдување на сегашната вредност на идните парични текови кои ќе настанат врз основа на тие побарувања. Врз основа на сегашната вредност на активните билансни и вонбилансни побарувања, банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва во рамките на следните граници:[22]
Инструменти за заштита од кредитниот ризикБанките развиле одредени инструменти за заштита од кредитниот ризик, при што некои се традиционални (одредување на цената на кредитот, кредитни ограничувања, обезбедување и диверзификација), додека други се јавуваат во поново време (секјуритизација, продажба на кредити и кредитни деривати). Политика на ценитеВо основа, цената на кредитот (каматната стапка) претставува збир на три елементи: пазарната каматна стапка, премијата за ризикот и надоместот за административните и другите трошоци на кредитниот сектор. Според тоа, ако се работи за поризичен клиент, банката ќе вклучи повисока премија за ризикот во каматната стапка на кредитот, како надомест за повисокиот кредитен ризик што таа го презела врз себе. Се разбира, висината на премијата за ризикот зависи од бројни фактори, како што се: нивото на пазарните каматни стапки, рочноста на кредитот, дали кредитот е обезбеден итн. Така, високите каматни стапки ги привлекуваат поризичните клиенти поради проблемот на погрешниот избор, а тоа со себе ќе повлече и повисока премија за ризикот. Исто така, во нормални околности, поризични се долгорочните кредити, како и кредитите што не се обезбедени.[19] Кредитни ограничувањаБанките се соочуваат со одредени регулативни ограничувања во поглед на висината на кредитната изложеност, обично мерени во однос на капиталот. Во продолжение, во рамките на својата кредитна политика, банките поставуваат вакви ограничувања со цел да ја намалат изложеноста на кредитниот ризик. Значи, независно од регулативните одредби, банката би била заинтересирана да го ограничи обемот на кредитниот ризик што го презема во однос на секој поединечен должник. Како последица на тоа, дури и ако кредитната анализа покаже дека се работи за квалитетен кредитобарател, банката ќе примени рационирање на кредитите (credit rationing), т.е. ќе го ограничи износот на кредитите на секој поединечен должник, независно од висината на каматната стапка што тој е подготвен да ја плати.[23] ОбезбедувањеВо нормални околности, изложеноста на банката на кредитниот ризик е помала ако кредитот е покриен со некое обезбедување (collateral): недвижен имот, хартии од вредност, берзански стоки итн. Тогаш, ако должникот не го врати кредитот, банката ќе го преземе обезбедувањето и со неговата продажба, целосно или делумно, ќе го наплати своето побарување. Затоа, банките често ја применуваат оваа традиционална мерка за намалување на кредитниот ризик, особено кога одобруваат поголеми кредити и кредити со подолга рочност. Сепак, треба да се забележи дека обезбедувањето не нуди совршена заштита од кредитниот ризик и затоа, неговата улога не треба да се преценува. Основниот проблем со овој инструмент на заштита од кредитниот ризик лежи во тоа што продажбата на средствата што служат како обезбедување на кредитот може да биде тешка, поради отсуството од активни секундарни пазари. Освен тоа, за време на траењето на кредитниот однос, може да дојде до намалување на пазарната вредност на обезбедувањето. Затоа, при одобрувањето кредити, банките бараат повисок износ на обезбедување во однос на одобрениот кредит, со што си даваат простор во случај на опаѓање на пазарната вредност на обезбедувањето. На пример, кај станбените кредити, македонските банки бараат хипотека чија вредност е 1,5 пати поголема од износот на кредитот.[24] ДиверзификацијаКако мерка за намалување на кредитниот ризик се јавува диверзификацијата (diversification) на кредитното портфолио со примена на познатото правило при инвестирањето, кое порачува: „не ставај ги сите јајца во една кошница“. Затоа, банките настојуваат да одобруваат кредити во различни стопански сектори и гранки, како и во различни географски подрачја. Логиката на диверзификацијата на кредитниот ризик лежи во настојувањето да се кредитираат сектори кои покажуваат негативна корелација. Kредитниот ризик на портфолиото не е збир на кредитниот ризик на поединечните кредити. Поради тоа, дури и највнимателната кредитна анализа не е во состојба целосно да го процени кредитниот ризик, бидејќи таа се спроведува на поединечна основа, но не води сметка за корелацијата меѓу поединечните кредити. На тој начин, со помош на диверзификацијата се отстранува еден дел од вкупниот ризик (несистематскиот ризик), кој произлегува од околностите поврзани со некој конкретен должник.[24] Кредитни дериватиКредитните деривати (credit derivatives) претставуваат инструменти со кои се тргува на шалтерcкиот пазар, а чија вредност е изведена од цената на некој кредитен инструмент (на пример, каматната стапка на кредитот). Овие деривати им овозможуваат на банките да го раздвојат кредитниот од пазарниот ризик на одреден финансиски инструмент и да го пренесат кредитниот ризик на некоја друга финансиска институција. Кредитните деривати се појавија во средината на 1990-тите и набрзина забележаа значителен подем. Така, вкупната договорна вредност на овие инструменти порасна од 0 во 1996 година, на 2 трилиони долари во 2002 година, во следните две години оваа вредност се удвои, а веќе во 2006 година, таа достигна 29 трилиони долари.[25] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia