Кум (филм)Оваа статија се однесува на филмот Кум, за други значења погледнете Кум (појаснување).
Кум (англиски: The Godfather) — американски филм од 1972 година, снимен според истоимената книга на Марио Пузо. Филмот е во режија на Фрaнсис Форд Копола, кој исто така е автор на сценариото, заедно со Марио Пузо. Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо, Ал Пачино, Дајан Китон, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Ричард Кастелано, Џон Казале итн. Филмот имал голем успех кај филмската критика и вообичаено котира високо на многу списоци со најдобрите филмови на сите времиња: трето место според Американскиот филмски институт, второ место (со оцена 9.1 од 10) на списокот на „најдобри 250 филмови“ според ИМДБ итн. Во 1973 година, филмот имал 11 номинации, а освоил три награди „Оскар“, во категориите: најдобра фотографија, најдобар глумец (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио. Истата година, филмот освоил пет награди „Златен глобус“, една награда на БАФТА и една награда „Греми“ (Нино Рота, за најдобра музика). Вкупно, филмот освоил 26 награди.[1] СодржинаШефот на едно мафијашко семејство од Њујорк, Вито Корлеоне (го игра Марлон Брандо), прави свадба за својата ќерка. По тој повод, кај него доаѓаат разни луѓе, кои му бараат одредени услуги. По некое време, него го посетува мафијашот Солоцо со понуда да започнат во трговијата со дрога, а откако дон Корлеоне ја одбива понудата, другите семејства убиваат неколку негови соработници, а се обидуваат да го убијат и него. Сепак, Дон Корлеоне го преживува нивниот напад, а неговиот најмлад син Мајкл (го игра Ал Пачино), кој е единствениот од семејството којшто нема никаква врска со криминалот, најпрвин го спасува својот татко кого непријателите сакаат да го убијат во болницата, а потоа се пријавува да ги убие Солоцо и корумпираниот полициски капетан. Веднаш потоа, поради безбедносни причини, Мајкл заминува во Сицилија, каде се оженува со убавата девојка Аполонија. Меѓутоа, неговите непријатели се обидуваат да го убијат при што погинува Аполонија.
Глумци
За филмот„Кум“ се смета за модерен еп и за брилијантна метафора за американското општество. Самиот Копола во една прилика изјавил дека секогаш сакал да ја употреби мафијата како метафора за САД, зошто двете имаат корени во Европа. Според неговите зборови, „и двете се целосно капиталистички ориентирани и основната грижа им е профитот. И мафијата во Америка се чувствува како добротворна организација, а нејзините раце се извалкани со крвта од она што мора да го прават за да ги заштитат својата моќ и интересите“.
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia