Куќа на Гоговци (Вевчани)Оваа статија се однесува на куќа во Вевчани. За куќата во Лерин, погл. Куќа на Гоговци (Лерин).
Куќа на Гоговци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1] ИсторијаКуќата е изградена во 1887 година. Во понатамошните децении, куќата била проширена од страна на влијателниот вевчански трговец Кузман Гогов. Во периодот 1928-1932 година, Гогов бил градоначалник на Вевчани и со своите организаторски способности придонел многу за развој на селото преку изградба на болница, поплочување на улиците, изградба на патот „Бело Џаде“, како и пат до црквата „Св. Спас“.[1] АрхитектураГрадбата има карактеристична архитектура, вклучувајќи ја постојната стара куќа. Се состои од приземје и кат, а претставува куќа со двојно ориентиран средиштен чардак.[2] Приземјето и катот на североисток се изградени од камен со израмнети дрвени греди. Дел од приземјето било отворен трем, а останатиот дел содржел деловни простории. Меѓукатната и покривната конструкција биле изработени од костеново дрво. Скалите кои ги поврзувале приземјето и катот, како и сите врати и подови исто така се изработени од костеново дрво. Катот е еркерно издаден на југоисток и содржи лесна дрвена конструкција исполнета со цели тули. Над дрвените прозорци има украс од тули. Особено се издвојуваа југоисточната и северозападната фасада, на кои има полузатворен камен чардак со цели тули, кој се простира над улицата и дворот. Покривот е од ќерамиди поставени над платно од даски.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia