Куќа на Пешиновци (Вевчани)
Куќа на Пешиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2] ИсторијаКуќата е изградена во 1927 година пред старата Куќа на Плушковци од XVIII – XIX век, со која образува архитектонски комплекс.[3] Архитектура![]() Градбата е висока куќа со приземје и два ката. Содржи двовисински трем и двоен средишен чардак со изразито издеференциран зимски стан во меѓукатот и летен стан на катот.[1] Приземјето и првиот кат се изработени од камен, зарамнети со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците на првиот кат има украси од тули. Вториот кат на исток и запад е од камен, а останатите ѕидови се од полна тула. Над дрвените прозорци има сводесто украсување од тули. Меѓукатната конструкција е изведена со греди од костеново дрво. Покривот е повеќеводен, исто така е од костенови греди, со ќарамиди врз платно од даски. Дрвените покривни конструктивни греди, кои ја образуваат стреата, завршуваат со украси. Внатрешните врати, подови, како и меѓукатното столбиште се од костеново дрво.[3] ГалеријаПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia