Куќа на Калајџиевци (Вевчани)

Куќа на Калајџиевци
Куќата во 2018 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
МестоВевчани
ЗемјаМакедонија
Почната1881
Завршена1904
Технички податоци
Катови3
Подна површина76 м2

Куќа на Калајџиевцистароградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]

Местоположба

Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имале дуќан за газија, јамболлии и храна.

Историја

При крајот на XIX век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.

За време на НОБ, куќата била користена за криење на партизаните и за одржување на тајни состаноци.

Архитектура

Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат.[2]

Галерија

Наводи

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Архитектура“. Vevcani info. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 17 ноември 2018.

Надворешни врски

41°14′23.77″N 20°35′24.88″E / 41.2399361°N 20.5902444°E / 41.2399361; 20.5902444

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya