Куќа на Дуцкиновци (Вевчани)
Куќа на Дуцкиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2] ИсторијаПроектант на куќата е вевчанецот Митре Дуцкиноски, кој бил мајстор-градител и ја изградил заедно со својата тајфа. Изградена е во 1923 или 1929 година врз темелите на постара срушена куќа.[3] Архитектура![]() ![]() Куќата се смета за своевиден дворец.[1] Каменот за изградбата на првиот кат е донесен од Горна Белица и е обработуван на лице место. Има приземје на кое се наоѓале дуќаните (бакалница и месарница), а на горните катови биле дневната, гостинските и спалните соби. На најгорниот кат е чардакот, кој летно време бил користен за дневен престој. Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак,[1] еркерно изведен на дрвени греди со украс својствен на подрачјето и дрвена ограда. Приземјето е камено со тулни украси околу дрвените прозорци кои се затовраат со дрвени капаци одвнатре и метални решетки однадвор. Влезните врати на дуќаните се дрвени, со полукружно тулно украсување во средновековноримски стил.[1] Горните катови се направени од полни тули со дрвени прозорци, исто така со тулно украсување, и тука се просториите за живеење. Меѓукатната конструкција е направена со греди од костеново дрво. Од истиот материјал е и покривната конструкција, при што самиот покрив е на две води. Од костен е и скалиштето кое ги поврзува катовите, како и сите внатрешни врати.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia