Лукаш Теодорчик
Лукаш Теодорчик (роден на 3 јуни 1991 г.) — полски професионален фудбалер, напаѓач на Удинезе. Репрезентативна кариераВо 2010 година, Теодорчик бил именуван во составот на Полска до 20 години. На својот прв натпревар за Полска во оваа возрасна категорија, тој постигнал два гола во победата од 3–2 во пријателски натпревар над Швајцарија.[1] На 6 јуни 2011 година, тој дебитирал за составот на Полска до 21 година, влегувајќи од клупата на пријателскиот натпревар против Грција. На првиот квалификациски натпревар во оваа возрасна категорија, тој постигнал два гола за Полска во гостинската победа од 3–0 над Албанија.[2] Теодорчик дебитирал за сениорскиот тим на Полска на 2 февруари 2013 година на пријателскиот натпревар против Романија и постигнал два гола и една асистенција во победата на полскиот тим од 4–1. Својот прв гол во полскиот дрес во официјален натпревар, Теодорчик го постигнал против Сан Марино во натпревар кој Полска го добила со 5–0. Репрезентативни голови
УспесиКлупски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia