Војќех Шченсни
Војќех Томаш Шченсни (полски: Wojciech Tomasz Szczęsny; р. 18 април 1990) — полски фудбалер, голман на Барселона. БиографијаРоден во Варшава како син на поранешниот полски голман Мачеј Шченсни. Во 2013 тој започнал да се забавува со полската пејачка Марина Лученко.[3] Тие се вериле во јули 2015 за време на забавата по повод роденденот на Марина,[4] а се венчале на 21 мај 2016.[5] На 30 јуни 2018, се родило нивното прво дете синот Лијам.[6] Технички карактeристикиГолман со одлични физички предиспозиции, кој има одлични рефлексии и претставува голема сигурност меѓу стативите. Исто така, тој е специјалист за бранење пенали. Клупска кариераЛегија ВаршаваШченсни тренирал во Агрикола Варшава како млад играч; наскоро, тренерот на голманите на Легија Варшава, Кшиштоф Довхан, останал толку многу импресиониран од талентот на Шченсни, па му дозволил да учествува во тренинг-кампот со првиот тим на Легија на возраст од 15 годиниво јануари 2005 во Кипар, придружувајќи им се потоа.[7][8] АрсеналМладински категории и дебито за првиот тимВо 2006 година, Шченсни му се приклучил на младински состав на Арсенал, напредувајќи во резервниот тим за време на сезоната 2008-2009. Во ноември 2008 година, тој загубил рамнотежата, подигајќи голема тежина и двети подлактици му биле скршени, што предизвикало да пропушти пет месеци од сезоната.[9] Шченсни се појавил за првпат на клупата за резерви на првиот тим на Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити на 24 мај 2009, останувајќи неискористена замена во победата на топџиите со 4-1 на Емирати.[10] На почетокот на сезоната 2009-2010, Шченсни бил прекомандуван во сениорскиот состав играјќи со бројот 53. На 22 септември 2009 година, тој го направил своето деби за првиот тим во третото коло на Лига купот, одржувајќи ја својата мрежа сува во победата со 2-0 против Вест Бромвич Албион.[11] Во декември 2009 година, менаџерот Арсен Венгер открил дека тој и останатиот тренерски персонал на Арсенал имаат големи надежи за Шчесни, велејќи: "Ние го идентификувавме Војќех како иден голем голман". Еден месец подоцна, тој додал: "Јас навистина верувам во него дека тој еден ден ќе биде број еден на Арсенал. Тој ги има сите квалитети што можете да ги посакате од еден голман." Заемот во БрентфордНа 20 ноември 2009 година, Шченсни му се приклучил на Брентфорд на едномесечена позајмица. Во неговиот втор натпревар за клубот тој одбранил пенал, во поразот со 1-0 од Викомб Вондерерс. Шченсни го завршил својот петти натпревар за Брентфорд на 12 декември 2009 година, правејќи голем број на одбрани со кои го спречил Лидс Јунајтед да постигне гол во ремито 0-0 по што бил прогласен за играч на натпреварот.[12] На 22 декември, Арсенал се согласил да го продолжи заемот за уште еден месец до 17 јануари 2010 година,[13] а потоа до 31 јануари. На крајот, истиот бил продолжен до 31 мај. Во април менаџерот на Брентфорд Енди Скот рекол: "Неговите изведби сугерираат дека тој не може да нема место во некој од клубовите во Чемпионшип или дури во Премиер лигата. Стигнавме до фазата кога ќе прими гол, да се чудиме како е можно тој да не го одбрани." Една година подоцна, Скот бил разрешен од позицијата менаџер на Брентфорд, а Шченсни го критикувал клубот на Твитер, наведувајќи: "Каква шега! Енди Скот отпуштен?! Тој е фантастичен менаџер и Брентфорд ќе ја плати цената за ова. Тие се бореа за опстанок во Лига Два кога Енди ја презеде функцијата! Тој е единствената причина зошто Брентфорд е во Лига Еден."[14] Во февруари 2015 Шченсни бил именуван за 'Голман на декадата' на Брентфорд во една клупска анкета.[15] Враќање во Арсенал и прв голман на тимот![]() Шченсни се вратил во Арсенал за сезоната 2010-2011. На 27 октомври 2010 година, Шченсни го направил својот втор настап за Арсенал повторно во Лига купот, одржувајќи сува мрежа против Њукасл Јунајтед на Сент Џејмс Парк запирајќи притоа бројни обиди од играчите на Њукасл.[16] Тој потпишал нов долгорочен договор на 11 ноември 2010 година, благодарение на неговиот татко и неговиот голмански тренер Џош Фелан, за да му помогне да напредува во неговата пробијна сезона.[17] Шченсни го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 13 декември 2010 година, откако и двајцата први голмани Лукаш Фабијански и Мануел Алмунија го пропуштиле натпреварот поради повреда.[18] На 8 јануари 2011 година, тој го започнал натпреварот од третото коло на ФА Купот против Лидс Јунајтед. Следниот викенд, Шченсни ја забележал својата прва сува мрежа во лигата при победата од 3-0 над Вест Хем Јунајтед на Аптон Парк. По серијата добри настапи на Шченсни на неколку последователни натпревари во Премиер лигата, Арсен Венгер потврдил дека тој ќе остане прв избор на голманската позиција во Арсенал, наведувајќи "тој не направи ништо погрешно за да ме натера да го извадам". На 16 февруари, Шченсни го направил своето деби во Лигата на шампионите против Барселона на Емирати, правејќи неколку важни одбрани за победата со 2-1. На 27 февруари, Шченсни допуштил победнички гол за Бирмингем Сити во последната минута од финалето на Лига купот; по една уфрлена топка од голманот на противникот се ствроила конфузија во шеснаесетникот на Арсенал меѓу него и дефанзивецот Лоран Косчиелни, па откако Косчиелни ја промашил топката таа се одбила од Шченсни и завршила точно пред напаѓачот на Бирмингем Обафеми Мартинс, кој од блиско растојание ја претворил во победнички погодок за неговиот тим. Во јули 2011 година, Шченсни изразил желба да продолжи како прв голман на голот на Арсенал до крајот на својата кариера. За сезоната 2011-2012 го променил бројот на дресот од 53 на 13, број кој претходно бил носен од страна на Александар Хлеб и Јенс Леман. Во текот на оваа сезона тој станал незаменлив меѓу стативите на Арсенал, играјќи во сите минути на тимот во натпреварите од Премиер лигата. На 24 август, Шченсни направил клучна одбрана бранејќи го ударот од пенал на Антонио Ди Натале во 59-тата минута од вториот натпревар од последното квалификациско на Лигата на шампионите. Арсенал има нерешени 1–1 (2–1 на вкупен резултат) против Удинезе кога Шченсни ја направил виталната одбрана за да му обезбеди место на Арсенал во групната фаза на натпреварувањето за 14-та сезона по ред. На крајот Арсенал победил со 2–1 (3–1 вкупен резултат) со головите на Робин ван Перси и Тио Волкот. На 28 август, тој бил на голот на Арсенал во поразот со 8–2 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд кој се покажал како најтешкиот во Премиер лигата во историјата на Арсенал и за првпат тие примиле осум гола по повеќе од 115 години. На 26 февруари 2012, Шченсни бил на победничката страна во Севернолондонското дерби за првпат во кариерата, откако Арсенал се вратил од 2–0 негатива до победа од 5–2 на домашен терен против Тотенхем Хотспар.[19] На 3 март 2012, Шченсни направил серија одбрани вклучувајќи го и одбранетиот пенал на почетокот од натпреварот за да му помогне на Арсенал да дојде до победа над Ливерпул на Енфилд. ![]() По заминувањето на Мануел Алмунија, Шченсни го зел дресот со број 1.[20] Откако пропуштил неколку месеци поради повреда, Шченсни се вратил помеѓу стативите на голот на Арсенал во победата со 5–2 над Тотенхем.[21] На 13 март 2013, Шченсни бил изоставен од тимот на Арсенал за натпреварот против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите.[22] Во следниот натпревар на Арсенал во Премиер лигата, против Свонзи Сити, Шченсни се вратил во тимот но само на клупата, откако Арсен Венгер го одбрал неговиот сонародник Лукаш Фабијански за стартер во тој натпревар. На 20 април 2013, Шченсни се вратил на голот на Арсенал во натпреварот од Премиер лигата на домашен терен против Евертон поради повредата на реброто на Фабијански.[23] Во првите два натпревари по враќањето во почетниот состав, тој забележал две суви мрежи откако го сочувал својот гол без примен погодок во натпреварите против Евертон и Фулам. ![]() Шченсни имал тежок тест на отворањето на сезоната 2013–2014 во Премиер лигата, во кое Арсенал загубил со 3–1 од Астон Вила. За време на натпреварот, тој направил пенал за прекршок над Габриел Агбонахор, по што ударот од белата точка на Кристијан Бентеке успеал првично да го одбрани но сепак одбиената топка се вратила до Бентеке кој ја сместил во мрежата за моментален резултат 1-1. И покрај разочарувачкиот старт, Шченсни одговорил одлично одржувајќи ја својата мрежа празна во следните четири натпревари на Арсенал. Тој, исто така, направил две клучни одбрани со кој му помогнал на Арсенал да го сочува водството од 1-0 против Кристал Палас во октомври.[24] Тој исто така ја сочувал својата мрежа празна и во двете последователни важни победи над Ливерпул во Премиер лигата[25] и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.[26] Во натпреварот против Манчестер Јунајтед во ноември 2013 година, Шченсни добил долг третман по судирот глава во глава со Фил Џонс, но го завршил натпреварот откако менаџерот на Арсенал Арсен Венгер му дозволил да продолжи. Венгер изјавил дека ќе го заменел Шченсни ако му било така наложено од тимскиот лекар, додавајќи: "Не, никој не ми кажа ништо за него", на прашањето дали медицинскиот персонал дал дозвола голманот да продолжи да игра.[27] На 16 ноември 2013 година, Арсенал објавил дека Шченсни потпишал нов долгорочен договор со клубот.[28] Неговата извонредна форма продолжила и во текот на ноември, месец во кој примил само еден гол и имал пет суви мрежи во шест натпревари. Тој, исто така, го забележал својот 50-ти натпревар во кој одбележал сува мрежа на голот на Арсенал на 26 ноември, во натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј, кој Арсенал го добил со 2-0.[29] Во февруари 2014, Шченсни направил пенал и бил исклучен за прекршок над Арјен Робен во првиот осминафинален натпревар против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите; Давид Алаба го промашил пеналот но сепак, Арсенал бил поразен на домашен терен со 0-2.[30] Со тоа тој станал 100-тиот фудбалер на Арсенал кој добил црвен картон во ерата на Арсен Венгер.[31] На крајот од сезоната, Шченсни бил добитник на наградата Златна ракавица на Премиер лигата заедно со Петр Чех од Челси, откако двајцата забележале по 16 суви мрежи.[32] Тој исто така ја завршил сезоната со освојување на својот прв трофеј со Арсенал, ФА Купот 2013-2014, но тој бил само неискористена замена во финалето, а Лукас Фабијански го задржал своето место како прв голман во домашните купови. Серија грешки и губење на местото во почетната поставаНа 1 октомври 2014 година, Шченсни направил пенал и бил исклучен заради извршување на професионален фаул над Бурак Јилмаз во победата со 4-1 на домашен терен над Галатасарај во Лигата на шампионите.[33] На 1 јануари 2015 година, Шченсни направил две грешки кои воделе до двата гола на Саутхемптон, во поразот на Арсенал од Светците со 2-0. Подоцна тој бил казнет со парична казна од 20.000 долари за пушење во просторијата за туширање по натпреварот.[34] Сето ова резултирало со тоа Шченсни да го загуби местото во почетната постава на Арсенал и до крајот на сезоната во Премиер лигата тој останал на клупата, откако Давид Оспина го заменил на голот.[35] Шченсни бил стартер во финалето на ФА купот 2015, одржувајќи сува мрежа во победата со 4-0 над Астон Вила на Вембли.[36] Вкупно во шест сезони поминати во Арсенал, Шченсни одиграл 181 натпревар за топџиите. РомаНа 29 јули 2015 година, откако неговите можности за игра во Арсенал станале уште повеќе ограничени по пристигнувањето во клубот на Петр Чех, Шченсни и се приклучил на италијанската Рома на заем до крајот на сезоната 2015-2016.[37].[38] На презентацијата избрал да го носи дресот со број 25.[39] На 22 август тој го направил своето деби во Серија А во ремито 1-1 на гостувањето кај Верона.[40][41] Во вториот свој натпревар за Рома, против Јувентус во првенството, Шченсни направил фанатастична парада во последните секунди од натпреварот со која го одбил ударот на Леонардо Бонучи и ја сочувал победата на џалоросите од 2-1.[42] Тој подоцна го исчашил прстот за време на првиот натпревар на Рома во Лигата на шампионите против Барселона, по судирот со Луис Суарес, повреда што го задржала надвор од теренот во текот на шест недели.[43][44] Во месец декември, тој бил тргнат од голот и заменет со Морган Де Санктис за првенствениот натпревар против Аталанта откако повторно бил фатен како пуши по поразот со 6–1 од Барселона.[45] Како автор на севкупно добри перформанси,[46][47] својата прва сезона во Рим ја завршил со 34 настапи и 34 примени голови во лигата и 8 настапи во кој примил 20 голови во Лигата на шампионите; тој и помогнал на Рома да го освои третото место во првенството и да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона. Во интервју за весникот "Il Tempo", Шченсни изјавил дека чувствува дека неговата прва сезона во Рома била позитивна, и верува дека искуството за тренирање и играње во Италија под водството на тренерот Лучано Спалети и тренерот на голманите Нани е исклучително корисно за неговиот развој.[48][49] На 4 август 2016, тој се вратил во Рома за втора сезона по ред на заем од Арсенал.[50] За втората сезона во италијанската престолнина тој го носел дресот со број 1, забележувајќи 14 суви мрежи во Серија А (рекорд за сезоната), помагајќи и на Рома да оствари клупски рекорд по бројот на освоени бодови во една сезона - 87 - и да заврши на второто место во првенството. Сезоната ја завршил со 38 настапи и 38 примени гола во Серија А; во куповите Шченсни забележал само еден настап во поразот со 3-0 од Порто во кавлификациите за Лигата на шампионите, додека во останатите куп натпревари тренерот Спалети му дал шанса на вториот голман бразилецот Алисон Бекер.[51] Вкупно за Рома во двете сезони одиграл 81 натпревар. Јувентус![]() На 19 јули 2017, Јувентус го купил Шченсни од Арсенал за сума од 12,2 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со полскиот голман.[52] За сезоната 2017-2018, тој бил втор голман во тимот зад капитенот Џанлујџи Буфон. Дебитирал за Јувентус на 9 септември 2017 година, во натпреварот од Серија А против Кјево на Алијанц Стадион, кој бјанконерите го добиле со 3-0.[53] Откако Буфон се здобил со повреда (истегнување на листот), Шченсни добил повеќе можности да го чува голот на Јувентус. На 5 декември тој дебитирал во Лигата на шампионите со бјанконерите, сочувувајќи ја својата мрежа празна во победата со 2-0 над грчкиот Олимпијакос во Атина во последното коло од групната фаза.[54] На 23 декември 2017, тој бил голем протагонист за Јувентус во победата со 1-0 над неговиот поранешен тим Рома, правејќи неколку фанатастични одбрани вклучувајќи ја и онаа на самиот крај кога успеал да го одбрани ударот на Патрик Шик кој излегол сам еден на еден со него.[55] Неговите перформанси за периодот додека Буфон бил отсутен биле толку добри што тој бил избран за Најдобар играч на клубот за месец декември 2017.[56][57] На 9 мај 2018, Шченсни го освоил својот прв трофеј со клубот, откако Јувентус го победил Милан со 4-0 во финалето на Купот на Италија, во кое тој бил неискористена замена.[58][59] Четири дена подоцна, на 13 мај, Шченсни го освоил своето прво скудето, откако ја сочувал својата мрежа празна во ремито 0–0 против Рома, претпоследниот натпревар на Јувентус за сезоната.[60][61] ![]() За сезоната 2018-2019, по заминувањето на Буфон бил унапреден во прв голман на Старата дама, земајќи го дресот со број 1. На 19 септември 2018, во победата со 2-0 над Валенсија во Лигата на шампионите, Шченсни му одбранил пенал на Дани Парехо. Истото го повторил на 11 ноември, кога му го одбранил ударот од белата точка на Гонсало Игуаин во дербито против Милан што завршило 2-0 за бјанконерите.[62] Во текот на сезоната, тој забележал 41 настап, примил само 32 гола и придонел за освојувањето на Суперкупот на Италија, прв во кариерата на Полјакот и второто последователно скудето. Во својата трета сезона со Јувентус, и покрај враќањето на Буфон, тој останал стартен голман и имал забележителни перформанси, вбројувајќи се во еден од најдобрите голмани на својата генерација.[63][64] На крајот на сезоната, тој го освоил своето трето последователно скудето и бил избран за најдобар голман во првенството, според LNPA[65] и ја понел Наградата за најдобар голман во Серија А.[66] На 28 февруари 2023 година, за време на домашната победа во градското дерби со 4-2 над Торино, голманот стигнал до 200 настапи во дресот на Јувентус.[67] Тој останал во Торино до летото 2024 година, кога го раскинал договорот со бјанконерите.[68] Откако останал слободен, на 27 август 2024 година, Шченсни го официјализирал своето повлекување од активното играње фудбал поради недостаток на дополнителна мотивација за понатамошно натпреварување.[69] БарселонаНа 2 октомври 2024 година, Шченсни се вратил во фудбалот по нешто повеќе од еден месец откако го објавил своето пензионирање, потпишувајќи договор со Барселона до крајот на сезоната 2024–2025.[70] Тој бил избран да го замени првиот голман Марк-Андре тер Штеген, чија сезона била прекината поради долгорочна повреда.[71] Репрезентативна кариера![]() Под 21 годинаШченсни играл за полската репрезентација под 21 година и започнал три натпревари во Квалификациите за Европското првенство 2011. Тој беше, исто така, бил ставен на стенд-бај во сениорската репрезентација од селекторот Лео Бенхакер за квалификациските натпревари против Северна Ирска и Словенија на почетокот на септември 2009 година. Меѓутоа, бидејќи ниту еден од тројцата голмани на Полска не се повлекол, тој сепак не бил повикан, но ги одиграл квалификациските натпревари за Европското првенство У-21 против Шпанија и Финска. Сениорска репрезентацијаВо октомври 2009, новиот селектор Франчишек Смуда му го испратил на Шченсни првиот повик во сениорската репрезентација, за пријателските натпревари против Романија и Канада. Своето деби го направил против Канада на 18 ноември, влегувајќи во игра на местото на Томаш Кушчак во победата со 1–0 во Бидгошч. Шченсни имал одличен настап против Германија на 6 септември 2011, правејќи 8 фантастични одбрани во ремито 2–2; за тој перформанс тој добил признание и од поранешниот германски репрезентативен голман Оливер Кан.[72] Тој бил повикан да учествува на Евро 2012, на кое Полска била домаќин. Меѓутоа во првиот натпревар во групата против Грција, тој добил црвен картон за професионален прекршок над Димитрис Салпингидис, по кој бил досуден пенал против Полска кој сепак бил одбранет од замената на Шченсни на голот Пшемислав Титон во ремито 1-1. Шченсни не добил можност да брани повторно до крајот на турнирот, а Полска била елиминирана уште во фазата по групи со само два освоени бода. Четири години подоцна тој бил во составот на Полска на Евро 2016. Тој играл во првиот натпревар на турнирот, победата над Северна Ирска со 1-0.[73] Но за несреќа тој се здобил со повреда во тој натпревар и останал надвор од конкуренција за остатокот од турнирот. Полска, сепак, стигнала до четвртфиналето, на голот со поранешниот тимски колега на Шченсни во Арсенал, Лукаш Фабијански, каде што биле елиминирани на пенали од подоцнежниот шампион Португалија.[74] Во јуни 2018, Шченсни бил помеѓу 23-цата играчи на полската репрезентација избрани да настапуваат на Светското првенство 2018 во Русија.[75] Тој ги започнал првите два натпревари на својата репрезентација, поразот со 2-1 од Сенегал и поразот со 3-0 од Колумбија, но не играл во последниот натпревар од групата - победата со 1-0 над Јапонија; Полска не успеала да се квалификува за нокаут-фазата.[76] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 7 декември 2018.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia