Магеланова спирална галаксијаМагеланова спирална галаксија — џуџеста галаксија која се класифицира како Sm. Станува збор за галаксии со еден спирален крак, и сите се именувани според прототипот Големиот Магеланов Облак,која всусшност е SBmгалаксија. Галаксиите од овој тип може да се сметаат како премин меѓу џуџестите спирални галаксии и неправилните галаксии. Магеланови спирални галаксииSAm галаксиите се вид на непречкести спирални галаксии, додека SBm се вид на пречкести спирални галаксии.[1] SABm се преодни спирални галаксии. Видовите Sm и Im се категоризирани како неправилни галаксии со некаква структура (вид Irr-1). Sm галаксиите се најчесто нарушени и несиметрични.[2] dSm галаксиите се џуџести спирални галаксии или џуџести неправилни галаксии, во зависност од категоризационата шема. Класификацијата на Магелановите спирални галаксии е воспоставена од Жерар де Вокулер, заедно со Магелановите неправилни галаксии (Im), кога ја преработувал Хабловата низа на галаксии. Видови
Список на Магеланови спирални галаксииПречкести (SBm)
Преодни (SABm)Непречкести (SAm)ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia