Мадс Хермансен
Мадс Хермансен (роден на 11 јули 2000 година, во Оденсе) — дански фудбалер, голман на Лестер Сити и на данската репрезентација. Технички карактеристикиГолман кој умее одлично да игра со нога, што е неговиот втор најголем талент после запирањето на удари кон неговиот гол.[2] Покрај тоа, исто така, се смета за специјалист за бранење пенали. Клупска кариераРоден во Оденсе, Хермансен ја започнал својата кариера во локалниот клуб Несби. Како десетгодишен тој ја променил позицијата, од играч во поле станувајќи голман, откако страдал од ахилова тетива.[1] Во септември 2015 година, Хермансен се преселил во еден од славните дански клубови Брондби.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 5 ноември 2020 во натпреварот од Купот на Данска против нисколигашот Ледеје-Смерум, забележувајќи сува мрежа во победата со 1-0.[4] На крајот од сезоната 2020–2021, Брондби станал шампион во данското првенство за првпат од 2005 година,[5] и Хермансен бил награден со победнички медал, и покрај тоа што немал ниту еден првенствен настап поради тоа што бил втора опција на голманската позиција зад германскиот голман Марвин Швабе. Пред почетокот на сезоната 2021-2022, Хермансен станал прв голман на Брондби, по заминувањето на Швабе во Келн.[6] Тој го направил своето деби во данското првенството на 18 јули 2021 година, во ремито 1–1 против ОГФ Орхус.[7] Следниот месец, на 17 август, го направил своето деби во европските натпреварувања, во поразот со 2–1 од Ред Бул Салцбург во првиот натпревар од плејоф рундата од Лигата на шампионите,[8] каде и покрај поразот импресионирал со својот настап и со својте одбрани.[9][10] По две сезони во кој бил стартен голман на Брондби, забележувајќи вкупно 70 натпревари на голот на жолтите, на 18 јули 2023, Хермансен потпишал петгодишен договор со англискиот клуб Лестер Сити.[11] Дебитирал за лисиците на отворањето на сезоната во Чемпионшип, обезбедувајќи клучни одбрани за да му помогне на својот тим да обезбеди победа од 2–1 во над Ковентри Сити.[12] Репрезентативна кариераХермансен ја претставувал Данска речиси во сите младински селекции од под 16 до под 19 години. Во ноември 2020 година, Хермансен за првпат бил повикан во репрезентацијата под 21 година,[13] а последователно бил повикан и за Европското првенство во споменатата возраст, но не настапил ниту еднаш. Своето деби, сепак го направил нешто подоцна, на 7 септември 2021 година, во победата со 1–0 над Казахстан во квалификациите за следното Европско првенство.[14][15] Во јуни 2023, Хермансен го добил првиот повик во сениорската репрезентација, но до денес сè уште не дебитирал. СтатистикаСтатистиката е ажурирана на 7 април 2024. Клупска статистика
ТитулиКлупски
ПоединечниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia