Келечи Ихеаначо
Келечи Ихеаначо (роден на 3 октомври 1996 година, во Овери) — нигериски фудбалер, напаѓач на Лестер Сити и на нигериската репрезентација. Ихеаначо ја започнал својата сениорска кариера во екипата на Манчестер Сити за време на сезона 2015–2016.[4][5][6] Во 2017 година, тој потпишал за Лестер Сити кој го платил 25 милиони фунти. Ихеаначо ја претставувал својата родна Нигерија во младинските репрезентации. Тој бил дел од составот на репрезентацијата која го освоила Светското првенство под 17 години 2013 и репрезентацијата под 20 години која настапила на Светско првенство под 20 години 2015. Своето деби за сениорската репрезентација го направил во 2015 година, и играл на Светското првенство 2018. БиографијаИхеаначо е роден на 3 октомври 1996 во градот Овери, во сојузната држава Имо. Тој е едно од четирите деца (три момчиња и едно девојче) на Елдер (татко) и Лејт (мајка), и нивниот најмлад син.[7] Технички карактеристикиЛевоног фудбалер кој може да игра неколку позиции во нападот, како офанзивно крило во 4-3-3, или како втор напаѓач ако најофанзивната линија во тимот е составена од двајца играчи. Со доаѓањето на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, во отсуство на првиот напаѓач Серхио Агуеро, тој го користел Ихеаначо како централен напаѓач односно таканаречена лажна деветка. Се одликува со добра техника и е тежок противник за чување особено ќе насобере брзина и има отворен простор да игра еден на еден. Клупска кариераПочетоциСвојата кариера ја започнал во академијата Таје во градот Овери, во својата родна Нигерија.[9] Вниманието кон себе го свртел со својте настапи на Светското првенство под 17 години 2013, кога привлекол интерес на голем број клубови од Европа. Во декември 2012 година, тој потпишал преддоговор со англискиот клуб Манчестер Сити кој ја победил конкуренцијата за негово доведување, според кој Ихеаначо официјално би требало да му се приклучи на клубот во октомври 2014 година - кога ќе наполни 18 години.[10] Манчестер Сити![]() Ихеаначо му се приклучил на Манчестер Сити на 10 јануари 2015. Во текот на сезоната 2014-2015, играл само за младите тимови под 19 и под 21 година, но затоа веќе следната сезона бил унапреден во првиот тим. Дебитирал на 29 август против Вотфорд во натпревар од Премиер лигата, заменувајќи го Рахим Стерлинг последната минута.[11] Својот прв гол во дресот на Манчестер Сити го постигнал на 12 септември 2015 против Кристал Палас, повторно влегувајќи од клупата за резерви на местото на Вилфред Бони;[12] голот бил единствениот виден на тој натпревар и се покажал победнички за небесно сините од Манчестер. Добрите игри му донеле поголема минутажа и улога во тимот, а тој вратил со уште голови. На 30 јануари 2016, Ихеаначо го постигнал својот прв хет-трик во кариерата против Астон Вила во ФА Купот во победата со 4-0, во која тој исто така забележил и асистенција за четвртиот гол.[13] Својата прва професионална сезона ја завршил со 8 гола во Премиер лигата и вкупно 14 голови во сите натпреварувања. Следната сезона под водството на Пеп Гвардиола, Ихеаначо му помогнал на Сити да го победи Манчестер Јунајтед со 1-2 на Олд Трафорд во Дербито на Манчестер, постигнувајќи го победничкиот погодок за својот тим; претходно тој, исто така, бил и асистент за првиот гол на граѓаните.[14] Само четири дена подоцна, влегувајќи од клупата за резерви тој го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите во победата со 4-0 над Борусија Менхенгладбах. Веќе во следниот натпревар со голот кој го постигнал во победата со 4-0 над Борнмут, тој влегол во историјата како еден од малкуте играчи кој успеале да постигнат 10 гола во Премиер лигата пред да наполнат 20 години. Својата авантура со Манчестер Сити ја завршил во летото 2017, забележувајќи вкупно 63 настапи и 21 гол во првенството, националните купови и европските натпреварувања. Лестер СитиНа 3 август 2017, се преселил во Лестер Сити во трансфер вреден 25 милиони фунти.[15] Осум дена подоцна дебитирал за лисиците против Арсенал, во поразот со 4-3.[16] Својот прв гол го постигнал против Лидс Јунајтед во Лига купот на 24 октомври 2017,[17] а првиот гол во Премиер лигата во дресот на Лестер го постигнал на 10 март 2018 во победата со 4-1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Во првите три сезони, Ихеаначо воглавно бил резерва за првата ѕвезда на клубот Џејми Варди, многу ретко започнувајќи ги натпреварите во почетната постава. Така, тој најчесто играл во куповите каде редовно постигнувал голови. Сепак, за време на сезоната 2020-2021, Варди се повредил и пропуштил неколку натпревари во јануари и февруари и Ихеаначо ја искористил својата шанса: тој го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата во победата со 2-0 над Фулам. Осум дена подоцна тој го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 над Брајтон, во петтото коло на ФА Купот. Првиот хет-трик за Лестер го постигнал против Шефилд Јунајтед на 14 март 2021,[18] а седум дена подоцна со два гола и една асистенција му помогнал на Лестер да го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА Купот со победа од 3-1. На 18 април 2021, тој бил стрелец на единствениот гол во победата со 1-0 над Саутхемптон во полуфиналето на ФА Купот одиграно на Вембли. Победата ги одвела лисиците во нивното прво финале на ФА Купот од 1969 година.[19] На 26 април го постигнал својот 10-ти гол во Премиер лигата за сезоната, во победата со 2-1 на домашен терен над Кристал Палас. Репрезентативна кариера![]() Во 2013 година, Ихеаначо бил повикан да игра за нигериската репрезентација под 17 години на Светското првенство за играчи на спомената возраст, кое оваа репрезентација го освоила. Со 6 гола на 7 натпревари, тој исто така бил номиниран за најдобар играч на турнирот. Во 2015 година, учествувал на Светското првенство под 20 години со соодветната репрезентација, излегувајќи на теренот само во два наврати. Во октомври истата година тој бил повикан од селекторот на сениорска репрезентација, Сандеј Олисех. Своето деби го направил на 13 ноември, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 66-тата минута од натпреварот против Есватини во квалификациите за СП 2018, кој завршил 0-0. Неговиот прв старт за сениорскиот тим го имал на 25 март 2016 година, во ремито 1-1 со Египет во квалификациски натпревар за Африканскиот куп на нации 2017.[20] На 27 мај 2016, го постигнал својот прв гол во дресот со националниот грб во пријателски натпревар против Мали кој завршил 1-0 за Орлите. Во 2018 година, бил повикан од селекторот Гернот Рор во составот од 23 играчи за Светското првенство 2018. Тој играл во сите три натпревари од групата против Хрватска, Исланд и Аргентина, но неговата репрезентација била елиминирана уште во првата фаза на мундијалот во Русија. На 25 декември 2021, Ихеаначо бил повикан во составот на репрезентацијата од вршителот на должноста селектор на Нигерија, Остин Егуавон, за Африканскиот куп на нации 2021.[21] Тој го постигнал првиот гол за нигеријците на турнирот, и тој се покажал како победнички во успехот со 1-0 над Египет во првиот натпревар од групата.[22] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 22 април 2021.
РекордиТитулиКлупски
РепрезентативниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia