Томас Дилејни
Томас Дилејни (роден на 3 септември 1991, во Копенхаген) — дански фудбалер, играч од средниот ред на ФК Копенхаген и поранешен дански репрезентативец (2013-2024). БиографијаДилејни е роден и израснал во Данска. Неговиот татко исто така е роден во Данска, но има и американско државјанство поради неговиот татко (дедото од таткото на Дилејни), кој е роден во САД.[1] Клупска кариераКопенхагенДилејни ја започнал својата кариера играјќи за КБ, вториот тим на данскиот гигант ФК Копенхаген. Во сезоната 2008-2009 и покрај тоа што настапувал за КБ, тој бил регистриран во списокот со играчи на ФК Копенхаген за натпреварите од Купот на Данска. Своето деби го направил во првиот натпревар од полуфиналето против Нордвест. Две недели подоцна во реваншот Дилејни играл 60 минути како стартер пред да биде заменет од Шабан Оздоган. Сезоната 2008-2009 ја завршил со само два настапи за првиот тим и двата во Купот на Данска против истиот противник. Во летото 2009, Дилејни бил промовиран во првиот тим на Копенхаген заедно со Оздоган. На 22 јули дебитирал во европските натпреварувања со погодок во победата со 6-0 на гости над црногорскиот Могрен во квалификациите за Лигата на шампионите. Своето деби за Копенхаген во Данската Суперлига го направил на 9 август 2009 во победата со 1-0 над Сендерјуск влегувајќи како доцна замена на местото на Атиба Хатчинсон на самиот крај на натпреварот. Својата прва сезона како професионален фудбалер ја завршил со 12 настапи (9 во лигата, 2 во купот и еден во квалификациите за Лигата на шампионите) и 1 постигнат гол, но и со првиот освоен трофеј во кариерата откако Копенхаген триумфирал во данското првенство. Во текот на следната сезона бројот на настапи на Дилејни се зголемил на 20 (16 во лигата, 2 во купот и 2 во Лигата на шампионоите) придонесувајќи повеќе во однос на мината сезона за освојувањето на првенствената титула. Својот прв гол во Суперлигата на Данска го постигнал на 16 мај 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Хорсенс. Тоа бил неговиот единствен погодок за таа сезона. Во сезоната 2011-2012, Дилејни конечно се изборил да биде стартер во тимот играјќи претежно на позицијата лево крило, а поретко како внатрешен играч од средниот ред. Сепак, успешната сезона му била испресечена со повреди како онаа на мускулното влакно, a потоа и менискалното оштетување со кое се здобил во натпреварот против Лингби на 1 април 2012 поради што морал предвреме да ја заврши сезоната. Тој го пропуштил и финалето на Купот на Данска против Хорсенс во кое Копенхаген победил со 1-0. Тој се вратил во акција дури на крајот на август играјќи ги како замена од клупата последните 11 минути во победата со 1-0 на домашен терен над Лил во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите. На 6 јули 2013, Дилејни го продолжил договорот со клубот до 2015 година. Исто така, пред почетокот на сезоната 2013-2014 го променил бројот на својот дрес од 27 на 8.[2] На 1 септември 2013, тој го одиргал својот 100-ти натпревар за Копенхаген против Виборг.[3] Во текот на оваа сезона бил преместен како централен играч за врска и покажал одлични перформанси во натпреварите против големи екипи како Јувентус, Реал Мадрид и Галатасарај во групната фаза од Лигата на шампионите. На 1 декември 2013, Дилејни за првпат ја носел капитенската лента на клубот во победата со 3-1 на гости кај Брондби во дербито на данското првенство. Седум месеци подоцна тој бил назначен за регуларен капитен на тимот за сезоната 2014-2015, на возраст од само 22 години. На 16 мај 2015, Дилејни бил прогласен за играч на натпреварот во победата со 3-2 по продолженија над Вестшелан во финалето на Данскиот куп. На 27 септември 2016, Дилејни постигнал прекрасен погодок со волеј удар од преку 25 метри оддалеченост во победата со 4-0 над Брухе во Лигата на шампионите.[4] Голот влегол и во изборот за најдобар гол за сезоната во Лигата на шампионите и завршил на третото место.[5] Вкупно за Копенхаген Дилејни одиграл 246 натпревари на кој постигнал 24 гола, освојуваќи 4 шампионски титули во данското првенство (2009–2010, 2010–2011, 2012–2013 и 2015–2016) и 3 Купа на Данска (2011–2012, 2014–2015 и 2015–2016). Вердер БременНа 17 август 2016 година, Вердер Бремен објави дека Дилејни ќе му се приклучи на клубот во јануари 2017 година.[6][7] Своето деби во Бундеслигата го направил на 21 јануари 2017, играјќи го целиот натпревар против Борусија Дортмунд во поразот на неговиот тим на домашен терен со 1-2. На 18 февруари 2017 година, го постигна својот прв гол за клубот, од слободен удар, во победата на Вердер Бремен со 2-0 над Мајнц 05 пред да биде изваден од игра во 54-тата минута поради сомневање дека се здобил со потрес на мозокот. Тоа била прва победа на клубот во новата календарска година по четири порази во низа.[8] На 1 април 2017 година, Дилејни постигнал хет-трик, прв во својата кариера, во победата на Вердер Бремен со 5-2 против Фрајбург.[9] Сезоната ја завршил со 13 настапи и 4 гола за Вердер сите во лигата, помагајќи му на клубот да заврши на 8-мото место во Бундеслигата. На почетокот на сезоната 2017-2018, поради повредите на Златко Јунузовиќ и Никлас Моисандер Дилејни бил назначен за капитен на Вердер во победата против Вурцбургер Кикерс со 3-0 во првото коло од Купот на Германија. Тој продолжил да биде капитен и во првите пет натпревари на Вердер во лигата, сè до шестото коло кога во тимот се вратил Моисандер. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 10 септември 2017 во ремито 1-1 на гости кај Херта Берлин.[10] Борусија ДортмундНа 7 јуни 2018, Дилејни потпишал четиригодишен договор со Борусија Дортмунд. Сумата која ја добил Вердер Бремен за трансферот на данецот изнесувала 20 милиони евра.[11][12] Репрезентативна кариераДилејни одиграл 3 натпревари за данската репрезентација под 18 години и 11 за репрезентацијата под 19 години, за која исто така постигнал и еден гол. На 11 август 2010 дебитирал за репрезентацијата под 21 година во пријателски натпревар против врсниците од Италија. На 1 јуни 2011 година бил повикан да учествува на Европското првенство за играчи под 21 година,[13] но не забележал ниту еден настап на турнирот. На 15 октомври 2013 дебитирал за сениорската репрезентација во победата со 6-0 над Малта во квалификациите за Светското првенство 2014.[14] Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 1 септември 2014, во победата со 4-0 над Полска во квалификациите за Светското првенство 2018.[15] Само три дена подоцна, во следниот квалификациски натпревар тој постигнал хет-трик во победата со 4-1 на гости против Ерменија.[16] Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 14 април 2014.
Хет-трикови
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia