Ваут Фас
Ваут Феликс Лина Фас (роден на 3 април 1998 во Мол) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Лестер Сити и на белгиската репрезентацијата.[3] Технички карактеристикиЦентрален дефанзивец, способен да игра и како бек или дефанизвен играч од средниот ред. Меѓу неговите најголеми квалитети се одземањето на топката и солидната брзина која ја поседува и покрај неговата висина и физичките предиспозиции; тој многу потсетува на бразилскиот фудбалер, поранешен играч на Челси, Париз Сен-Жермен и Арсенал, Давид Луис.[4] Клупска кариераОткако израснал во младинските сектори на Лирс и Андерлехт, од вториот на 31 јануари 2017 година, бил позајмен на Херенфен до крајот на сезоната 2016-2017.[5] Откако заемот во клубот од Фризија му завршил, на 12 јули тој се преселил, повторно на привремена основа, во Екселсиор.[6] На 21 јуни 2018, тој се преселил во Остенде, со кого потпишал тригодишен договор.[7] Под водството на неговиот поранешен тренер од младата белгиска репрезентација под 19 години, Герт Верхејен,[8] кој исто така инсистирал на неговото доаѓање во клубот,[9] Фас бил редовен стартер во центарот на одбраната во текот на целата сезона забележувајќи 40 настапи и 2 гола. На 24 август 2018, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-1 на домашен терен над Зулте Варегем. На 31 јануари 2020 година, тој бил купен од францускиот клуб Ремс, со кого се врзал до 2024 година, но останал на позајмица во Остенде до крајот на сезоната.[10] Откако официјално му се приклучил на Ремс на почетокот на сезоната 2020–2021, Фас го направил своето деби во Лига 1 на 23 август 2020 година, во ремито 2–2 на гостувањето кај Монако, во кое го одиграл целиот натпревар.[11] На 1 ноември, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 2–1 над Стразбур, со моќен удар со глава од корнер изведен од Валон Бериша.[12] Откако во дресот на Ремс одиграл две сезони во кои забележал 77 настапи и 5 гола, на 1 септември 2022 година, Фас се преселил во англиската Премиер лига каде потпишал со Лестер Сити во трансфер вреден 15 милиони евра.[13] Седумнаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 6-2 од Тотенхем.[14] И покрај негативниот резултат остварен на неговото деби, тој бил пофален за неговото влијание врз одбраната на клубот и во следните седум натпревари од првенството, од натпреварот против Тотенхем до оној против Манчестер Сити на 9 ноември, помогнал клубот да забележи пет суви мрежи.[15] На 30 декември 2022 година, тој имал негативен настап во поразот на лисиците од Ливерпул со 2-1, постигнувајќи два автогола со што станал четвртиот играч на кој му се случило тоа во историјата на Премиер лигата.[16] На 28 мај 2023, Фас го постигнал својот прв гол за Лестер во победата над Вест Хем Јунајтед со 2–1 во последното коло, која сепак се покажала како пирова за лисиците бидејќи тие и покрај успехот испаднале во Чемпионшип затоа што нивниот главен конкурент во борбата за опстанок, Евертон, исто така победил.[17] Репрезентативна кариераФас ја претставувал својата земја во различни младински нивоа како: под 15, под 17, под 19 и под 21 година. За последната играл на Европското првенство 2019, каде забележал два настапи во елиминацијата на Белгија во групната фаза. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 8 јуни 2022, влегувајќи како замена во 84-тата минута во убедливата победа со 6-1 над Полска во УЕФА Лигата на нации. Кон крајот на истата година, Фас заедно со соиграчите од Лестер Сити, Тимоти Кастањ и Јури Тилеманс, бил повикан во составот на Белгија за Светското првенство 2022. Хронологија на репрезентативните настапи
СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 21 април 2024.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia