Македонија на Детска Евровизија 2006
Македонија учествуваше на Детски избор за песна на Евровизија 2006, одржан во Букурешт, Романија.[1][2] Пред Детска ЕвровизијаНационално финалеМакедонската претселекција се одржала во сабота, а победник била Зана Алиу со песната „Вљубена“. Победникот бил избран со телефонско гласање и жири составено од маестро Александар Џамбазов, поп пејачот Ламбе Алабаковски, минатогодишниот македонски претставник Денис Димоски, Јулијана Забаева од Државното музичко училиште и композиторот Авни Алиу.
Специјално за Детската Евровизија, Зана напишала две песни, но ја одбрала „Вљубена„ поради брзиот ритам, забавна мелорија и енергијата што песната ја жири. Аражманот бил направен од Арти Кастрати. Зана била придружувана на сцена од Мила Ниновска, Ирина Јолевска и Ангела Велевска, ученици во СУ „Илија Николовски Луј“, а кореографијата била на Сања Шутевска. За време на подготовските пред натпреварот, МРТ и менаџментот на Зана воден од Ина Идриса планирале да објават секаков вид на промотивни материјали за поддршка на Зана вклучувајќи постери и ЦД кое содржело ремикс на песната. На Детска ЕвровизијаБелешкиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia