Македонија го одбра својот претставник за Детски избор за песна на Евровизија 2010 преку Детска песна за Евровизија, национална селекција од 5 песни. Победникот беше Ања Ветерова со песната "Еооо, Еооо". Ања настапуваше за Македонија на Детска Евровизија 2010 на 20 ноември 2010 во Минск, Русија.
Пред Детска Евровизија
Детска песна за Евровизија
Финалето се одржа на 25 септември 2010, а домаќини беа Моника Тодоровска и Тони Дренковски. Пет песни се натпреваруваа и победникот беше одбран со комбинација од гласови од жири (50%) и телефонско гласање (50%).[1]