Македонска патриотска организација
Македонската патриотска организација или МПО (англиски: Macedonian Patriotic Organization / MPO) — најстарата организација на македонската дијаспора во Северна Америка. Формирана во 4 октомври 1922 година во градот Форт Вејн, Индијана. Основачите претежно потекнувале од Егејска Македонија кои избегле кон САД после Илинденското востание. Организацијата претежно дејствува во САД и Канада но претходно имало кадри во Нов Зеланд, Белгија, Австралија и други земји. Денес организацијата нагодува добар однос меѓу Република Македонија и САД. Низ нејзиниот историјат главната цел на организацијата се сменила неколку пати. Отпрвин побарале конечно решение за Македонското прашање, но со развитокот на македонското национално движење нова идеа никнала меѓу претставниците на организацијата — Независна Македонија. Отпрвин организацијата се спротивставила со новата комунистичка влада сметајќи ги како продолжение на српската пропаганда во Македонија. Покрај 1980-тите нивниот однос се подобрил и после независноста на Македонија во 1991 година организацијата се борела за признавањето на Македонија меѓу американски политичари. Химната на организацијата е „Изгреј зора на слободата“. Главниот организационен весник е „Македонска трибуна“ издадена од 1927 година, весникот се смета за најстариот македонски весник во САД и македонската дијаспора. Весникот е издаден во македонски и англиски јазик. Долготрајни противници на организацијата се Македонскиот народен сојуз и нејзиниот следбеник Обединетата македонска дијаспора. Денешниот претседател на организацијата е Ник Стефанов од 2024 година. ИсторијатПотекло![]() Македонската дијаспора во Америка имало долготрајно присуство. Голем дел од емигрантите биле сиромашни Македонци со печалбарски поттик. Некои од овие работници повторно се вратиле во нивната мајчина земја додека пак некои одлучиле трајно да се преселат во Америка. Првиот голем македонски иселенички бран се појавил после неуспехот на Илинденското востание, за да ја избегнат турската робија тие се преселиле во странски држави околу светот, претежно САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и други. Меѓу 1906-1907 година бројот на Македонци во Америка се зголемил околу 40.000. Дел од емигрантите биле политички, доселени во други држави поради политички причини. Дел од политичките емигранти одлучиле да ја продолжат борбата за Македонија во Америка. Во 1899 година се формирало првото македонско друштво „Васил Левски“.[1] Во тоа време македонските друштва го користеле двосмислениот поим „Македоно-бугарски“. Треба да се земе во предвид дека поимот не означувало Македонски Бугари односно Бугари по потекло од Македонија туку Македонци кои биле верни на Бугарската егзархија. Британскиот автор и историчар Кит Браун во еден интервју на Канал 5 за поимот забележал:
Следните големи македонски бранови појделе после Балканските војни и Првата светска војна, особено поради Букурешкиот мировен договор кој ја поделил Македонија во три региона — Вардарска, Пиринска и Егејска. Првите друштва биле формирани врз основа на благотворителните здруженија во Бугарија. Главните иницијатори биле Марко П. Калудов, С. Шумков и Христо Неделков. Во 1913 година се формирал Македонскиот народен сојуз во Америка по иницијатива од Теофилакт, Жеко Банев, Марко Клаудов и други во градот Чикаго. За сојузот се формирале кадри во градови низ цела Америка, како Индијанаполис, Хемонд и Гери во Индијана, Стилтон во Пенсилванија, Чикаго и Гранд Сити Илиноис и Синсинати и Делтон во Охајо. Со дејствата на овие благотворителни здруженија биле вметнати темелите на Македонската патриотска организација.[1] Основачки конгрес![]() Основачкиот конгрес бил одржан по иницијатива на Анастас Стефанов, тогашниот претседател на македонското здружение „Костур“ во Форт Вејн. После неколку сребди со Сребрен Петров меѓу 1921 и 1922 година било одлучено да се одржи конгрес во 1 октомври 1922 година во градот Форт Вејн. Во основачкиот конгрес имало делегати од различни македонски здружение меѓу нив биле „Прилеп“ во Стилтон, Пенсилванија, „Независност“ во Дуќесне, Пенсилванија, „Илинден“ во градот Њујорк и „Костур“ во Форт Вејн. Имало исто така неофицијални делегати од македонските здруженија во Охајо, Детроит и Мичиген. Голем дел од делегатите биле учесници во Илинденското востание Во неговиот говор, Стефанов ги истакнал новите сурови услови на Македонија по повод на Букурешкиот мировен договор, тој потаму побарал да се обединат сите македонски здруженија за да се формира една заедничка и влијателна организација. Конгресот траел четири дена и во 5 октомври истата година било донесено одлука да се формира македонска организација. Отпрвин планирале да го доделиле името Македонска патриотска организација но поради негативната конотација на поимот „патриот“ во Америка после Првата светска војна одлучиле да ја нарекуваат Македонска политичка организација.[3] Првиот состав на Централниот комитет бил:[4][5]
Идеалогија и целИдеалогијата и целта на организацијата постојано претрпила промени. Во основачкиот конгрес целта на организацијата била истакната во член 2. на новиот устав:[6][7]
За да ги постигне целта на првиот услов, македонскиот политичар Петар Ацев истакнал дека организацијата ги вршела следните дејства:[8]
Поради овие ставови организацијата го усвоила геслото „Македонија на Македонците“ како официјалното гесло на организацијата.[9][10] Химната била револуционерната песна „Изгреј зора на слободата“. Централниот комитет била врховниот орган на организацијата, според уставот ЦК морал да биде составен од претседател, два потпретседатели, секретар, благајник и двајца советници, сите од редовите на организацијата. ЦК имало улога да ја претстави МПО во добра намера пред другите македонските организации низ целиот свет. ЦК дополнително морало да се грижи за спроведувањето на горенаведените услови. Секој машки член морал да плаќа 50 сенти секој три месеци за членство додека секој женски член морала да плаќа 25 сенти.[8] Според уставот тие со потекло од Македонија можеле само да се членуваат без разлика на народност, пол или вероисповед.[10] После третиот редовен конгрес на организацијата се приклучил Јордан Чкатров, брат на Димитар Чкатров. Влијанието на Чкатров и особено од михајловистите предводени од страна на Иван Михајлов било лошо за организацијата. Покрај горенаведените цели под влијанието на ВМРО (Автономистичка) организацијата повеќе се посветила кон врховистичката идеалогија. Поради нивните дволични односи противници на организацијата станале Македонскиот народен сојуз и подоцна нејзиниот следбеник Обединетата македонска дијаспора. Рани дејстваЗа време на Студената војнаПосле Студената војнаЕмиграциони дејства во Нов Зеланд и АвстралијаПретседатели на МПО
Организации на МПОПоранешниАктивниГалеријаНаводи
Употребена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia