Македонија на Македонците е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против Отоманското Царство за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава[1]. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж. Мотото има неколку варијанти: Македонија за Македонија, Македонија на Македонците и Македонија за Македонците. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер Вилијам Гладстон во однос на Македонското прашање и неговото решавање [2].
Појава
Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов на која е напишана и паролата „Македонија за Македонците“.
... Оваа решение да им биде врачено на конзулските претставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот конгрес со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот конгрес. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија[3][4]
“
Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е Силогосот Македонија на Македонците, во својот проглас од 15 април1891 година се истакнува:
„
... Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ[5]
“
Македонско прашање
Кон крајот на 19 векмакедонското прашање станало актуелно во меѓународните кругови и највидните претставници од политиката и науката почанале да ги искажуваат своите ставови во однос на неговото решение. На 19 јануари1897 година британскиот државник Вилијам Гладстон на покана на Бајронското друштво во писмо го изложил својот став кон македонското прашање и во него било истакано:
„
Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова подршака. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи теритотии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одбрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници[2]
Во 90-тите години на 19 век во Македонија со појавува Македонската револуционерна организација со што се дал нов импулс на македонското националноослободително движење. Оваа организација целосно го прифатила мотото Македонија на Македонците.
Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизата Македонија на Македонците[6], и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежевството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија[7].
Во текот на Илинденското востание во странскиот печат биле објавени, меѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на Daily News објавена на 12 август1903 година во која се истакнува:
„
И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сфаќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го претставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат сè дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците[8]
Целта е оваа: Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирна армија[9]
... Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите[10]
“
Францускиот публицист, книжевник и новинар Гастон Рутие, есента 1903 година, веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија.
Своите впечатоци од Македонија ги објавил во 1904 година во книгата:“La qusetion masédoine – on doit au peuple vérité“. Освен Македонија, Гастон Рутие ја посетил и Бугарија, каде собирал информации за македонското прашање. Меѓу другите, таму се сретнал со Иван Шишманов - бугарски министер за образование. Притоа во разговорот со него во врска со македонското прашање И. Шишманов истакнал:
„
По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојата ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги созадаат со својта неуморна работа, ако сакаат да бидаат независни од државите што се понапредни од нив... Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии[11]
“
На крај Гастон Рутие заклучува: „докторот Шишманов ја зборуваше вистината“ и дека „Македонија на Македонците е најдобра варијанта за да се избегне поделбта на оваа област, толку посакувана, а да не се предизвика сомневање кај големите слили“
Македонска емиграција
По Илинденското востание во САД и Канада се формираат бројни македонски емигранстски друштва и организации. Меѓу нив секако е и Македонската патриотска организација формирана во 1922 година. Нејзините основни стремежи се слободна и независна Македонија и мотото Македонија за Македонците. Меѓутоа оваа организација била една од многуте сред македонската емиграција, постоеле и многу други, а меѓу нив било и Македоно - одринското друштво (Левски) и неговиот весник Борба кој го помагале македонското национално движење и го прифатиле истоимениот лозунг.
Извори
↑Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
↑ 2,02,1Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
↑Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р Владимир Картов стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894
↑Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980