Македонски Власи
Македонски Власи — уставно признаено малцинство во Република Македонија. Нивната бројност е 9.695 лица, односно 0,48 % од вкупното население на Македонија. ПотеклоВласите се народ од романско потекло кои говорат на посебен јазик. Во Македонија и на Балканот се познати под повеќе имиња, како Аромани, Цинцари, Куцовласи, на романски јазик сите Власи од јужниот дел на Балканскиот Полуостров се нарекуваат: Machedoni (Македоњ) [1] и др. За нивното потекло постојат повеќе теории кои укажуваат дека тие се потомци на староседелското население на Балканскиот Полуостров кое се повлекло во планинските предели при доселувањето на Словените и другите народи. Од повеќето теории најпознати се оние според кои се смета дека Власите се потомци на Римјаните, Византијците (Ромеите) поради нивниот јазик, а според некои се смета дека биле потомци на Античките Македонци. ИсторијаПрисутноста на Власите на територијата на Македонија се забележува уште во Средновековието, а познат е фактот дека братот на цар Самуил, Арон бил убиен од Власи - скитници во околината на Лерин. Нивната присутност била повремена само како сточари и трговци и не биле трајно население. Првите трајни населувања на Власи во Македонија се случуваат на почетокот на 19 век, односно околу 1830-1832 година кога нивниот најразвиен и најголем град Москополе во јужна Албанија бил разурнат од албанските качачки банди поддржани од Али Паша Јанински. Со честите продори и грабежи на албанските качачки банди на влашките градови и села во јужна Албанија, на планината Грамошта, во Епир и Тесалија голем број на Власи се населуваат во Македонија, претежно во западните делови во Крушево (кое до 1830 било мало село во Прилепската каза населено исклучиво со Македонци), Битола и околните планински села, западниот и јужниот дел на Егејска Македонија. Постојаниот терор на Власите од нивните предели во јужна Албанија и особено во Тесалија принудува голем број на Власи - сточари да се населат во планинските предели во долината на реката Брегалница во Штипско, Кочанско и Овче Поле. Овие Власи кои живеат во источна Македонија се познати и под името Каракачани. Номадските Власи од источна Македонија се познати и под името Црни Власи, за разлика од Власите во западна Македонија кои се познати под името чаршиски или Бели Власи[2]. Области и населени места![]() ![]() Власите во Македонија се претежно населени во градовите, а во минатото живееле и во повеќе планински села во југозападна и источна Македонија, кои денес во најголем дел се раселени. Најголем број на Власи денес живеат во градовите Крушево, Штип, Битола и Скопје. Во помал број ги има и во Кочани и Велес. По области Власите се застапени по сливот на реката Брегалница: Овче Поле, Штипско, Кочанско со планините Осогово и Плачковица, како и градот Крушево и неколку села во Битолско на планинските предели североисточно од Битола. Статистички Власите во Македонија се најзастапени во општините: Крушево со 10,53%, Штип со 4,6%, Битола со 1,33% и градот Скопје со 0,50%. Култура и општествен животМакедонските Власи имаат високо развиена култура и културен идентитет. Познати се влашките носии и килими (особено до с. Делисинци, Овчеполско) кои се дел од богата македонска етнолошка ризница. Начинот на живот како сточари и богати трговци, оставил препознатливи културни белези во идентитетот на Власите. Власите-Каракачани од источна Македонија, кои биле сточари, се препознатливи по тоа што нивните жени носат тетовирани крстови на нивните чела и кај рачните зглобови. Надалеку се познати богатите цркви во битолските влашки села Маловиште и Старо Змирново, како и во градот Крушево. Во Македонија Власите имаат 2 свои политички партии и еден пратеник во Собранието на РМ. Во Општина Крушево влашкиот јазик е службен покрај македонскиот, иако Власите се помалку од 20% од населението. На вториот канал на националната телевизија се емитува програма на влашки јазик, а постои и Унија за култура и издаваштво на Власите. Македонските Власи по вероисповед се православни христијани. Постарите Власи, се многу посветени и религиозни луѓе. Познати Македонски Власи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia