Македонски работи
Македонски работи (полн наслов: Македонски работи - јазик, литература, историја, нација, држава) — обемно дело систематизирана збирка на еднодецениските научни истражувања и јавни настапи, на академикот Блаже Ристовски, објавувани во зборници и во списанија на МАНУ или надвор, а некои и дотогаш воопшто ненапечатени, што се однесуваат на јазикот, литературата, нацијата и државата на Македонија. Научните истражувања и текстови се подредени во пет делови, насловени: Преродбенски процеси и пројави, Историја и државност, Јазик и литература, Пак Мисирков и Македонски работи - Документи - аргументи. Сите написи се систематизирани обработувајќи настани, процеси, личности - домашни македонски национални дејци и странски учени и дејци, организирани македонски национални движења и нивната дејност во однос на македонската национална идеја и тоа во историски след и рамка почнувајќи од македонската национална преродба од средината на XIX век па сè до денешни современи настани по независноста на Македонија во кои е учесник и самиот автор како на пример првата влада на независна Македонија од 1991, Форумот за Македонија 2001, создавањето на првата Македонска енциклопедија од 2009. Мисли и извадоци
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia