За Македонската нација
За Македонската нација — книга и научен труд-студија во вид на историско-политиколошки и социолошки есеистички трактат, посветена на одбраната на постоењето и посебноста на македонската нација. Напишана е од македонскиот историчар и социолог Драган Ташковски во 1976 година како одговор на отворените и засилени напади на негирање од бугарската држава и нејзината влада и највисоки научни установи. СодржинаКнигата е составена од 7 делови, кои започнуваат со актуелните состојби во кои се наоѓа македонската нација во рамки на СР Македонија како единствен ослободен дел на Македонија конституиран како национална држава на Македонците и сè уште поробените делови на Пиринска Македонија под Бугарија и Егејска Македонија под Грција, по што преку историски преглед на настанокот и етногенезата на македонската и бугарската нација и појавата и изблиците на македонската национална свест, дава аргументирани одговори на нападите на негирање на постоењето и посебноста на македонската нација од страна на БКП и БАН. Повикувајќи се на различниот историски пат и процес на создавање на македонската и бугарската нација уште од раниот Среден век со доселувањето на Словените на Балканот и нивното мешање со домородните и романизирани антички Македонци во Македонија и мешањето со Турано-бугарските племиња во Бугарија и спротивставеноста на нивните државни творби Самуловото и Аспаруховото царство, книгата продолжува кон разгледување процесот националното будење и преродба во Македонија истакнувајќи ги јасните истакнувања на свеста за припадност и посебност на Македонците, со посебен нагласок на повикувањата на поврзаноста со „старите Македонци и Античка Македонија“ на славните цареви Филип II и Александар Македонски[1], црковно-просветната и учебникарска дејност и спротивставувањето на големобуржоаските-националистички грчки, бугарски и српски претензии и тврдења. Преминувајќи на спротивставеноста во времето на создавањето и дејствувањето на МРО и осврт кон борбата за национално ослободување и афримација во меѓувоениот период и Втората светска војна, трудот завршува со оцена на правилното марксистичко-ленинистичко постапување на Коминтерната и КПЈ во признавањето на македонската нација истакнувајќи ја и исправната политика на БКП и бугарската држава во периодот на владеење на Георги Димитров во 1946 - 1947 кога со законски одредби биле признаени македонската национална посебност - потврдена со слободното изјаснување како Македонци на 70% од населението на Пиринска Македонија на пописите во 1946 и 1956 година, и националните права на степен на културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија преку отворање на училишта со настава на македонски јазик, македонски книжарници, библиотеки и театар, како преодна фаза кон законски предвидена територијална автономија за нејзиното припојување и обединување со СР Македонија, што било официјално изгласано од Народното собрание на Бугарија, а било потврдено и со Бледската спогодба помеѓу владите на Бугарија и ФНР Југославија во 1947 година[2]. Мисли и извадоциЗа настанокот и процесот на етногенезата на македонскиот народ:
За прифаќањето на името Македонија и неговото значење за настанувањето и постоењето на македонската нација:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia