Материјали по изучувањето на Македонија
Материјали по изучувањето на Македонија — опширен научен монографски труд посветен на проучувањето на Македонија од областа на географијата, економијата, етнографијата, етнологијата, историјата, лингвистиката, геостратегијата. Напишана и издаден е од македонскиот револуционер Ѓорче Петров во печатницата В’лков во Софија во 1896 година со наслов на оригиналот „Материали по изучванието на Македония“.[1] Книгата во основа е напишана на бугарски јазик со значителен број на народни и стари архаични македонски, руски, турски и црковнословенски зборови и изрази. СодржинаОригиналот на книгата содржи 734 страници текст и е поделена во четири главни делови: 1) Орографија на Скопско и Битолско – детален опис на релјефот, планините и котлините со правците на нивното протегање, разгранување и особености во однос на растителниот свет и составот на почвите; 2) Хидрографија – опис на реките, речните сливови и езера; 3) Патни врски – опис на сообраќајните, патните и железничките врски како и условите за одвивање на сообраќајот и патувањето; 4) Топографија – опширен и детален опис на географијата, економијата – производството и трговијата, животот, говорот, носиите и историјата на населението во селата и градовите во Тетовско и Гостиварско, Кичевско, Скопско, Кумановско, Кратовско, Кривопаланечко, Кочанско со Пијанец (Делчевско) и Малешево (Беровско), Штипско, Радовишко и Леринско. Овие четири главни делови понатаму се поделени на одделни глави и поглавја посветени на растителниот свет, водите, патиштата, населението, стопанските односи, производството, земјоделството, трговските врски и можности, преданијата, обичаите, носиите, говорот и наречјата, средствата за сообраќај, изгледот, архитектурата и уредувањето на куќите, улиците, селата и градовите во соодветните предели области, така што книгата иако е првенствено насочена кон изучување тогашниот Скопски Санџак (од Косовскиот Вилает) содржи огромен број на целосни или делумни податоци и информации за проучувањето и истражувањето на речиси цела денешна Република Македонија и делови од Егејска и Пиринска односно етничка Македонија. Научниот пристап на Ѓорче Петров во изучувањето на предметната област на оваа книга е навистина на високо ниво и во голема мерка соодветсвува на современите научни истражувања од областа на географијата, геостратегијата и разузнавањето како што се на пример истражувањата за стратешки можности и потенцијали на државите и областите во геополитиката (налик на книгата на факти на ЦИА), а исто така во описите авторот покажува и големи и сестрани познавања од геоморфологијата, педологијата, економијата, трговијата, етнологијата, дијалектологијата (лингвистиката) и историјата. Современа употребаИмајќи ги превид огромниот и извонреден број на податоци, информации и материјали за Македонија кои ги содржи книгата, во периодот од 2013 до 2016 таа е преведена и издадена на македонски јазик од здружението Единствена Македонија, со главна цел и намена таа да се има и распространи во широка употреба во науката, образованието, туризмот, уметноста, културата во јавноста и современото живеење во Република Македонија[2]. Во тој однос, добивање на примерок од книгата е предвидено како главна награда за успешно исполнување на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“[3] за чија организација на програмата за искачување планински врвови ширум Македонија, во голема мера се користат материјали од книгата, а исто така на основа на извадоци од неа во 2015 година од здружението Единствена Македонија во рамки на проектот „Младите и историјата на Скопје“ во три средни училишта во Скопје се одржани предавања на тема „Скопје во делатата на македонските дејци од XIX век“ по што следел и натпревар по историја. Мисли и извадоциЗа природните убавини со кои е надарена Македонија:
За српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците:
Галерија
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia