Максимилијано Ричезе
Ариел Максимилијано Ричезе Аракистаин (шпански: Ariel Maximiliano Richeze Araquistain; р. 7 март 1983 во Буенос Аирес) — аргентински професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[3] Ричезе го освоил сребрениот медал на Панамериканските игри 2015 во Торонто (екипна потера). Неговите браќа Роберто, Мауро и Адријан се исто така велосипедисти. ЖивотописВо првата сезона како професионалец завршил втор на последната етапа на Џиро д’Италија 2006, само неколку сантиметри зад Роберт Ферстер. Се смета за аргентински возач со најдобар резултат на некоја од трите големи трки, не сметајќи ги асимилираниот Лисје Пети Бретон кој возел за Франција, Хуан Антонио Флеча, роден во Аргентина, но возел за Шпанија и Алехандро Борахо, кој завршил како трет, исто така на Џиро. На Џиро д’Италија 2007, Ричезе завршил трет на третата етапа и втор на етапите 18 и 21, сите освоени од Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Петаки во мај 2008 година за допинг, Ричезе бил прогласен за победник на етапите 18 и 21 на Џиро. Помеѓу неговите други достигнувања се првото место на првата етапа и други втори места на Тур де Лангкави 2006 и Трофео Арведи 2005. Исто така, во 2005 година го освоил Панамериканското друмско првенство под 23 години, а во 2003 година станал аргентински друмски првак под 23 години. Во 2010 година ја добил наградата Конекс како еден од петте најдобри велосипедисти во последната деценија во Аргентина. Во октомври 2015 година, по поминати 11 сезони со италијански екипи, белгиската екипа Етикс-Квик Степ објавила дека Ричезе ќе им се приклучи од 2016 година на двегодишен договор со улога за водечки помошник за Марсел Кител и Фернандо Гавирија.[4] По четири години без победи, ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис 2016, како и бодовниот пласман за новата екипа. ДопингПред почетокот на Џиро д’Италија 2008, Ричезе излегол позитивен на тестот за стероид станозолол, што предизвикало да биде исфрлен од трката. Иако бил прогласен за невин од Аргентинската велосипедска федерација, добил суспензија од две години од Арбитражниот суд за спорт.[5] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia