Максимилијан Шахман
Максимилијан Шахман (германски: Maximilian Schachmann; р. 9 јануари 1994) — германски професионален друмски велосипедист,[2][3][4][5] кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[6] Во 2012 година бил предложен за велосипедист на годината на Германија. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018,[7] каде ја освоил етапата 18.[8] Ран животШахман е роден во Берлин и пораснал во предградијата на градот. Неговото училиште било оддалечено 6 километри од неговиот дом и бидејќи автобусите имале часовен возен ред, тој одел со велосипед, со што се поттикнал неговиот интерес во велосипедизмот како кариера.[9] Кариера2017–2018Шахман станал професионалец во 2017 година со Квик-Степ Флорс. Морал да ја заврши сезоната порано по пад на петтата етапа на Трката околу Полска.[10] ВО 2018 година, Шахман имал пробив. По осмото место на Флеш Валон, го имал својот прв настап на некоја голема трка, започнувајќи на Џиро д’Италија 2018. Таму, ја освоил етапата до Прато Невозо. Го додал бронзениот медал на хронометарот на Европското друмско првенство кон неговите резултати, како и етапна победа и трет во генералниот пласман на Трката околу Германија.[11] 2019–денес2019За 2019 година, Шахман потпишал со германската екипа Бора-Хансгрое.[11] Во март освоил етапа на Волта а Каталуња.[12] На Трката околу Баскија, Шахман го освоил хронометарот на првата етапа за да го земе водството, пред да обезбеди уште две етапни победи на етапите 3 и 4.[13] Потоа, учествувал на арденските класици, завршувајќи петти на обете трки, Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, и трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[14] На 30 јуни, Шахман го освоил националното друмско првенство, за завршница 1-2-3 на екипата Бора-Хансгрое на предизвикувачката трка во екстремно топло време до 40 степени и каде само 15 од 190 возачи ја завршиле трката.[15] Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[16] На хронометарот на етапата 13 можел да забележи добро време, но имал пад на крајот на патеката. Кога ја завршил етапата му било откриено дека има повеќе фрактури на неговата рака и морал да го напушти Тур.[17] 2020На почетокот на сезоната 2020, Шахман завршил втор зад Ремко Евенепул на Волта ао Алгарве.[18] Во март 2020 година, Шахман ја освоил Париз-Ница, која била скратена за една етапа поради пандемијата на коронавирусот 2019-2020. Ја освоил првата етапа и потоа го сочувал водството од 18 секунди пред Тиш Бенот, со што станал петтиот германски победник на трката и прв Германец од Тони Мартин во 2011 година.[19][20] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia