Светско првенство во друмски велосипедизам 2015 — 82. издание на светското првенство кое се одржувало во градот Ричмонд, САД, од 19 до 27 септември 2015 година.[1]
Првенството се состоело од 12 настани за сениори, јуниори и до 23 години, меѓу кои една друмска трка, екипни хронометри, како и по еден поединечен хронометар за мажи и жени, како и друмски трки и поединечни хронометри за возачите до 23 години, јуниорите и јуниорките.
САД биле домаќини првпат по триесет години, по она одржано во Колорадо Спрингс во 1986 година.
Во текот на Трката околу Оман 2011, организаторот на трката Еди Меркс потврдил дека арапската држава е заинтересирана за организирање на Светското првенство 2015. Ја понудил својата поддршка, а медиумските извештаи објавиле дека би бил клучна улога во организацијата на настанот.[5]
Квебек се кандидирал за ова првенство откако бил охрабрен од Пет Мекид, претседател на UCI.[6][7] Квебек бил единствениот канадски град кој се пријавил на повикот од канадската федерација до 7 ноември 2010 година. Во 2011 година, Квебек се повлекол, наведувајќи ги високите трошоци за одржување на настанот (20 милиони долари).[8]
на 21 септември 2011 година, Ричмонд бил избран како домаќин на првенството.[1]
Земји
791 претставник од 76 национални федерации и 40 пријавени екипи (вклучувајќи други возачи) биле пријавени за првенството.[9] Двајцата возачи од Доминиканската Република кои требало да настапат во хронометарот за мажи не учествувале. Исто така, возачите од Сирија и Уганда пријавени за првенството не учествувале.