Мала Река (Трговиште)
Мала Река — населено место во Трговиште на Пчињскиот Управен Округ, јужна Србија. ИсторијаНа крајот од XIX век Мала Река било село во Прешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Мала Река имала 70 жители, сите Македонци христијани.[1][2] Населението било под удар на српската пропаганда, па според митрополитот скопски Фирмилијан во 1902 г. во Мала Река имало 15 патријаршистички куќи кои тој ги нарекува „српски“.[3] По податоци на секреатарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мала Река (Mala-Reka) имало 96 Македонци под патријаршијата, кои пак тој ги нарекува „гркомани“ (поради црковната припадност).[4] Во 2011 г. селото имало 17 жители, сите Срби. Население
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia