Сурлица
Сурлица — населено место во општина Трговиште, Пчињски Управен Округ, Србија. ИсторијаВо минатото во ова село некое време живееле Јуруци. Имало од 60 до 70 јуручки куќи во селото. Во времето додека овде живееле јуруците, од кратовско се доселиле двајца браќа. Нивните куќи лежеле подалеку од јуручките куќи, во Ѓоринско маало. Двајцата браќа овде имале вкупно 9 синови. Тие брзо се намножиле, и цело село потекнува од споменатите двајца браќа доселени од кратовско.[1] Кон крајот на XIX век Сурлица е село во прешевската каза на османлиската империја. Според патриаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 година во селото имало 67 патриаршиски куќи.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во селото има 240 жители.[3] Во селото има параклис „Света Петка“.[4] ДемографијаВо 2002 година во селото живеат 92 Срби и 2 други. РодовиСурлица е населена со словенското население кое се смета за српско и зборува торлачки. Според истражувањата од 1949 година, родови во селото:
Пописи
ИселеништвоПокрај погоре споменатите иселеници при описот на родови, иселеници има и во селото Плоча кај Босилеград (иселеникот ја основал Суљева маала). потоа во паланечкото село Огут (Качаровци), во пчинските села Долна Лесница (Јуруци и Спасинци) и во селото Голочевце (Мамузовци).[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia