Маркос Рохо
Фаустино Маркос Алберто Рохо (роден на 20 март 1990) — аргентински фудбалер, играч од одбраната на Бока Хуниорс. Клупска кариераЕстудијантес ЛПРохо пораснал во Ла Плата, Аргентина, и му се приклучил на локалниот клуб Естудијантес ЛП на десетгодишна возраст. Во 2009, Рохо му се приклучил на првиот тим на клубот, откако го потпишал својот прв професионален договор. Тој поминал три години во клубот, во кои забележал 43 настапи и постигнал три гола.[2] За време на неговиот престој во Естудијантес ЛП, Рохо ја освоил титулата во Копа Либертадорес како и титулата во првата лига на Аргентина. Рохо повеќето натпревари ги одиграл како лев бек и изградил репутација како вешт напаѓач, постигнувајќи го својот прв гол во поразот од 2–1 против ЛДУ Кито во Рекопа Судамерикана 2010. ![]() Спартак МоскваВо декември 2010, Рохо потпишал петгодишен договор со Спартак Москва.[3] За неговите услуги покрај Спартак Москва биле заинтересирани и ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен, Палермо, Бенфика и Валенсија. Тој не успеал да се снајде во Москва и по една година се разделил со клубот. Спортинг ЛисабонВо јули 2012, Рохо се преселил од Спартак Москва во Спортинг Лисабон за 3,5 милиони фунти потпишувајќи четиригодишен договор. За клубот од Лисабон, Рохо одиграл вкупно 49 натпревари и постигнал 5 гола. На 13 август 2014, било објавено дека Рохо бил казнет од клубот поради тоа што одбил да тренира откако било одбиено неговото барање да се пресели во Манчестер Јунајтед за 16 милиони фунти. На 19 август 2014, од Спортинг Лисабон и од Манчестер Јунајтед било потврдено дека Рохо ќе се пресели на Олд Трафорд за сума од 20 милиони евра (16 милиони фунти). Договорот бил предмет на медицинските и личните услови.[4][5][6] Манчестер ЈунајтедНа 20 август 2014, од Манчестер Јунајтед објавиле дека потпишале петгодишен договор со Рохо за 16 милиони фунти, додека пак Нани ќе се приклучи на Спортинг Лисабон на едногодишна позајмица.[7] Поради проблеми со работната дозвола тој ги пропуштил првите три натпревари на Јунајтед во новата сезона, па на своето деби морал да чека до 14 септември кога го одиграк целиот натпревар во победата со 4-0 на домашен терен над Квинс Парк Ренџерс. Репрезентативна кариера![]() Од 2011, Рохо е дел од сениорскиот тим на Аргентина. Својот прв натпревар во аргентинскиот дрес Рохо го одиграл на 9 февруари 2011 во пријателскиот натпревар против Португалија. Тој бил дел од составот на Аргентина на Копа Америка 2011 и на квалификациите за Светското првенство 2014. Во јуни 2014, Рохо бил именуван во Аргентинскиот состав за Светското првенство 2014.[8] Својот прв настап на светските првенства Рохо го забележал на натпреварот против Босна и Херцеговина на Маракана, натпревар кој Аргентина го добила со 2–1.[9] Во последниот натпревар од групната фаза, Рохо го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 3–2 против Нигерија.[10] Аргентина стигнала до финалето на првенството во кое загубила од Германија, а Рохо бил единствениот аргентинец кој бил именуван во идеалниот тим на првенството[11] Репрезентативни голови
УспесиКлупски
Аргентина
Поединечни
Наводи
Надворешни врски
Други проекти
|
Portal di Ensiklopedia Dunia