Јужноамериканско првенство во фудбал 2011, попознато како Копа Америка 2011 или Копа Америка Аргентина 2011 — 43-тото издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Аргентина од 1 јули до 24 јули 2011. Жрепката за турнирот се одржала во Ла Плата на 11 ноември 2010.
И Јапонија и Мексико беа поканети за да се придружат на турнирот од КОМНЕБОЛ.[1] После предлогот на УЕФА државните репрезентации да се натпреваруваат само во натпревања организирани од нивната конфедерација, беше известено на 23 ноември 2009 дека двете држави нема да можат да земат учество во Копа Америка 2011.[2] Сепак на 31 март 2010, КОНКАКАФ потврди дека на Мексико ќе му биде дозволено да го испрати својот У-23 тим за Олимпијадата во 2012, заедно со 5 други постари играчи.[3]
Учеството на Јапонија се доведе во прашање после Земјотрес во Сендај 2011,[4] но Јапонската Фудбалска Федерација потврди на 16 март дека ќе учествува.[5] Но сепак, ЈФА се откажа од турнирот на 4 април 2011, наведувајќи го како проблем доигрувањето на Јапонската Лига.[6][7] После средбата со Аргентинската Фудбалска Федерација, ЈФА одлучи да се држи до нивната одлука најмалку до 15 април.[8][9] ЈФА на 14 април изјави дека тие ќе учествуваат, но главно со играчи од Европските тимови.[10] ЈФА се откажа од турнирот на 16 мај, наведувајќи ги потешкотиите со Европските тимови за пуштање на Јапонските играчи како проблем[11][12] Следниот ден, КОМНЕБОЛ достави формална покана до ФУдбалскиот сојуз на Костарика поканувајќи ја Костарика како замена.[13] Костарика ја прифати поканата подоцна истиот ден.[14][15]
Жрепката за натпреварувањето се одржа на 11 ноември 2010 во 17:00 (UTC−03:00) во Театар Аргентино де Ла Плата во Ла Плата, и беше пренесувана во Аргентина од Канал Сиете.[17][18][19] На 10 октомври 2010, Извршното Биро на КОМНЕБОЛ одлучи да ги распореди тимовите во шешири за жрепката.[20]
↑Јапонија се откажа од учество на 16 мај 2011, а Костарика беше назначена за нејзина замена.
Судии
Листата од 24 судии и два екстра судии одбрана за овој турнир беше соопштена на 6 јуни 2011 од Судиската Комисија на КОНМЕБОЛ. Од секоја од земјите-учеснички беа одбрани по двајца судии:[21][22]
Во првата рунда или групната фаза дванаесетте тимови ќе бидат поделени во три групи од четири тима.[24] Во секој група се играат шест натпревари, каде секој тим игра еден натпревар против другите тимови од истата група. Тимовите добиваат три бода за победа, еден за нерешено и ниту еден за пораз. Тимовите кои завршиле први, втори и двата најдобро пласирани трети тимови се квалификуваат во четвртфиналето.[25]
Таб брејк критериум
Тимовите се рангирани според следниве критериуми:
1. Поголем број на бодови во сите групни натпревари
2. Гол разлика во сите групни натпревари
3. Поголем број на постигнати голови во сите групни натпревари
4. Меѓусебен резултат
5. Пенали (ако двата тима се изедначени пред да го изиграат нивниот последен натпревар во групата)[26]
6. Извлекување на жрепка од Организирачкиот Комитет од КОНМЕБОЛ
На крајот на првата фаза се прави споредба помеѓу третопласираните тимови од секој група. Најдобрите два третопласирани тимови продолжуваат во четвртфиналето.
За разлика од претходните турнири, 30 минути продолженија ќе се играат доколку некој натпревар заврши нерешено во регуларното време. (претходно мечот ќе одеже директно на пенали).[28]
"Creo en América" од аргентинскиот пејач Диего Торес е официјалната песна за турнирот.[43] Торес ја изведе песната за време на воведната церемонија. Втора официјална песна е "Ready 2 Go" од Мартин Солвеиг.[44]
↑„Мексико би можел да не игра на Копа Америка 2011“ (шпански). Медио Тиемпо. ноември 23, 2009. Посетено на 1 ноември 25, 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
↑„Мексико го пража Олимпискиот тим“. Асоцијативен Прес. Март 31, 2010. Посетено на 1 април 1, 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)