Уго Кампањаро
Уго Армандо Кампањаро (роден на 27 јуни 1980 година) — аргентински фудбалер, играч од одбраната на Пескара. Неговиот прекар е Ел Торо.[1] Клупска кариераПочетоците со Депортиво Морон и трансферот во ПјаченцаКампањаро ја започнал својата кариера во Депортиво Морон најпрво како напаѓач и, благодарение на дискретниот квалитет е купен од страна на екипата на Пјаченца која го довела во Италија во 2002, и каде бил преместен поназад, најпрво како играч од средниот ред, а потоа последователно и во одбраната. Тој го направил своето деби во Серија А на 22 септември истата година, во натпреварот Пјаченца - Удинезе кој завршил со резултат 2-0. На 27 април 2003 година тој го постигнал својот прв гол во Серија А, а подоцна во истатиот натпревар погодил уште еднаш што биле неговите први два гола во Серија А во натпреварот Пјаченца-Перуџа што завршил 5-1 за неговиот тим.[2]. Во наредните години постепено го заработил почетното место во центарот на одбраната на Пјаченца. СампдоријаНа 3 јули 2007 Уго е купен целосно од страна на Сампдорија, која ја победила конкуренцијата од нивните градски соперници Џенова, и потпишале четиригодишен договор[3] На 16 август 2007 година, Кампањаро го направил своето деби во реваншот од втората квалификациска рунда од купот на Купот на УЕФА против Хајдук Сплит, а исто така тој го постигнал и својот прв гол за Сампдорија придонесувајќи за успехот на неговиот тим. За кратко време Кампањаро станал омилен меѓу навивачите на Сампдорија.[4] По одличниот старт на сезоната во кој веднаш се воспоставил во страртната постава на Сампдорија, на 27 јануари 2008 во натпревар од првенство против Аталанта заработил мускулната повреда на десниот лист, која ќе го отстрани од терените во остатокот од сезоната. За време на сезоната 2008-2009, Кампањаро се вратил на теренот во натпреварот против Интер. Меѓутоа следната недела, повторно го повредил десниот лист во пријателски натпревар против Кијасо и бил принуден да отсуствува уште два месеци пред да се врати на теренот повторно на 9 ноември, но исто така и во натпреварот во Неапол ја заработил истата повреда. На 27 ноември, тој се вратил за натпреварот од фазата по групи од Купот на УЕФА против Штутгарт. На 14 јануари повторно го повредил десниот лист во натпреварот во Удине. Тој повторно се вратил во игра на 26 февруари на натпреварот од шеснаесеттина финалето од УЕФА Купот против Металист Харков. На 3 мај 2009, Кампањаро го постигнал неговиот трет гол во Серија А и втор во дресот на Сампдорија, во Дербито на Џенова во кое Џенова ја победила Сампдорија со 3-1. Во последниот натпревар од сезоната во финалето на италијанскиот куп, Кампањаро станал трагичар промашувајќи го решавачкиот пенал во седмата серија, со кој му овозможил на Лацио да го освои трофејот, во финалето одиграно на 13 мај кое завршило со резултат 6-5 за Лацио на пенали. Наполи![]() На 9 јули 2009, договорот на Кампањаро е откупен целосно од страна на Наполи, со кого потпишал договор до 2013 година.[5] На Сампдорија и биле платени 5.000.000 € и ко-сопственост на Даниеле Манини. Тој го направи своето деби во небесно синиот дре на 16 август 2009 во натпревар од италијанскиот куп против Салернитана, кој завршил со резултат 3:0 за Наполитанците [6] Својот прв гол во дресот на Наполи, Кампањаро го постигнал во напреварот против Милано на 21 март 2010 (1-1), давајќи му водство на Наполи. Во текот на сезоната, тој исто така бил распореден во необична улога на левото крило во средината на теренот, во повеќе наврати, играјќи со извонредни перформанси. Како редовен стартер во следното првенство, Кампањаро имал голем придонес во успешната кампања на Наполи во која стигнале до третото место и избориле директна квалификација во Лигата на шампионите. Во следната сезона, тој постигнал гол на 10 септември 2011 против Чезена на Мануци носејќи му водство на Наполи од 2-1. Натпреварот завршил 3-1 во корист Наполи. Четири дена подоцна тој дебитирал во врвен европски натпревар, Лигата на шампионите, почнувајќи од првата минута во натпреварот против Манчестер Сити, кој завршил 1-1. На 20 мај 2012, го освоил првиот трофеј во кариерата, Купот на Италија, кога како стартер бил на победничката страна во финалето во Рим против Јувентус. Во неговата последна сезона во Наполи, Кампањаро го одиграл целиот натпревар во Суперкупот на Италија во кој неговата екипа по продолженија загубила со 4-2 од Јувентус во натпреварот игран Националниот стадион во Пекинг во Кина.[7][8][9] Во првенството, тој одиграл 28 натпревари, постигнувајќи еден гол во ремито 1-1 против Лацио на 9 февруари 2013 година. На 1 јули 2013 година, откако договорот со клубот му истекол тој го напуштил Наполи. Интер![]() На 6 јули 2013 година, Кампањаро како слободен играч потпишал двегодишен договор со Интер. Своето деби со нероаѕурите го направил во натпреварот од третиот круг на Купот на Италија, во кој Интер со 4-0 ја совладал Читадела и се квалификувал во следната рунда.[10] Тој го започнал натпреварот и одиграл 65 минути играјќи заедно со Ранокија и Хуан Жезуз во последната тројка. Тој дебитирал во Серија А на 25 август во првото коло од сезоната 2013-2014 против Џенова во победата со 2-0 на Сан Сиро. Својата прва сезона во Интер ја завршил со 23 настапи во сите конкуренции. За сезоната 2014-2015, се појавиле многу гласини во врска со негово можно заминување од Интер, но играчот одбил да преговара со откажување на договорот и не го напуштил клубот.[11] Сезоната ја завршил со само 16 настапи од кој 10 биле во првенство и 6 во Лигата на Европа. ПескараПо истекот на договорот со Интер, на 30 август 2015 Кампањаро и се приклучил на екипата на Пескара во Серија Б. Во сезоната 2015-2016 одиграл 17 натпревари за Пескара и со своето искуство им помогнал да изборат промоција во Серија А преку плејофот. Тој останал во клубот и во наредната сезона. Репрезентативна кариераНа 15 февруари 2012, на возраст од 31-на година, тој го добил првиот повик во репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот натпревар против на Швајцарија на 29 февруари.[12] Своето деби го имал во споменатиот натпревар, играјќи го целиот натпревар. Хронологија на репрезентативните настапи
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia