Марулево (Неврокопско)
Марулево — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото Марулево се наоѓа на 11 километри југоисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 1006 метри, во историко-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 13.522 км2. Климата е променливо средоземна со планинско влијание. Реката Марулевска, притока на Кочанска Река, тече низ селото. Почвите се претежно кафеави планинско-горски и се одгледува тутун, житарки и сточна храна. Највисоката точка на територијата а селото е врвот Марашова чука - 1414 метри надморска височина. Марашова чука, заедно со целата месност „Мараша“, како и месностите „Проднаица“ и „Долг Боаз“ биле вклучени во составот на селото во 1992 година и претходно биле на територијата на селото Кочан. Бидејќи земјата во овие еста е во сопственост на жители на Кочан, се прават обиди повторно да се врати територијата кон кметството на Кочан[1]. Останати високи точки во селото се „Падибога“ - 1309 метри, Куртев рид - 1130 метри и Брезовец - 1124 метри, каде има изградено кула по име Глобул. ИсторијаСелото Ваклиново (порано Марулево) потекнува од селото Кочан, кое се наоѓа на околу 3 километри на запад, првично наречено Кочан Маала. Според легендата, една девојка од Кочан забременила нелегално и според традициите во тоа време морала да биде бичувана и заточена. Родителите на девојката ја сокриле во колиба кај месноста „Цидаров Дол“. Девојката го родила бебето и останала да живее на тоа место. честпати посетувана од страна на своите љубовници. За време на чумната епидемија од 1502 година, нејзините најблиски се преселиле исто така на тоа место за да бараат спас од епидемијата.[2] Османлиско ЦарствоСпоред плочата на џамијата во селото, таа била изградена во 1254 година (според хиџра), која датира од приближно 1838 година и дава причина да се верува дека Ваклиново било одделено како посебна населба од 18-19 век. Според Николај Хаитов, Мехмед Синап е роден во Брштен, но останал сирак и бил израснат од некој човек[3]. Голема е веројатноста дека тој човек бил од Марулево[4]. Во османлиски документи селото се среќава под името Марулева (مــأـرـوـلــوﻩ).[5] Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Марулево (Maroulévo) е село со 63 семејства и 176 Помаци[6] Во 1899 година селото имало население 395 жители според резултатите од пописот на населението на Османлиското Царство[7]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите македонски муслимани[8] и живееле во 50 куќи.[9] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 208 муслимански машки лица во 63куќи.[10] Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956, населението на Ваклиново (Марулево) било 506, 551, 632 и 743 души.[11] Во 1912 година, населението во Ваклиново било насилно прекрстено. Откако Бугарија влегла во Балканските војни, свештеникот бил приведен и присилен да влече на себе плуг, по кое бил исечен..[12] Во селото била организирана чета против бугарската армија и истата чета делувала со четите од соседните села. Тие чети се состоеле од 30, 50 или 60 души. Во ноќта на 26 спрема 27 септември 1913 година тие извршиле напад на село Чавдар.[13] БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1960 година името на селото било променето во Ваклиново. Религија![]() Населението е составено од муслимани. Џамијата во селото е изградена во 1838 година (1254 А.Д.). Со изградбата управува Ахмед Гази Абдурахман. Првиот имам на селото (тогаш Марулево) бил Абдула Бекиров, кој бил официјално назначен во 1920 година и ја вршел функцијата до 1930 година. После тоа, позицијата ја исполнувале:
Во Ваклиново имало големо минаре со околу 70 стапки, но за време на Балканските војни во 1912 година било срушено од ВМРО. Така, селото останало без минаре. Луѓето од селото изградиле нецврсто минаре во 1965 година. Во 1986 година било изградено ново цврсто минаре со материјали собрани од селаните. Нова џамија била изградена во 2000 г., со минаре од 60 метри. Општествени установи
Население
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia