Мастерс Индијан Велс 2024 – мажи поединечно - бил првиот турнир од АТП Мастерс 1000 серијата, кој се одиграл во рамките на тениската сезона 2024.
Се одржал во Индијан Велс, Калифорнија, САД, од 6 до 17 март 2024.
Во финалето на ова издание, бранителот на титулата, Карлос Алкарас,[1] го победил Данил Медведев во реприза на минатогодишното финале со 7–6(7–5), 6–1, освојувајќи ја својата прва титула во 2024 година.[2] За него, тоа била петта титула на турнирите од АТП Мастерс 1000 серијата и вкупно 13-та АТП титула во кариерата.
Краток преглед на случувањата на турнирот
Четири поранешни победници на Мастерсот во Индијан Велс го започнале турнирот во 2024 година: Новак Ѓоковиќ, Камерон Нори, Тејлор Фриц и Карлос Алкарас.
Ѓоковиќ влегол на турнирот како прв носител во обид да ја освои рекордната шестта титула во Индијан Велс (моментално е изедначен со Роџер Федерер со по пет титули двајцата),[3] но неочекувано бил поразен уште во третото коло од среќниот губитник во квалификациите Лука Нарди во три сета 4-6, 6-3, 3-6.[4] Рангиран како бр. 123 во светот, Нарди станал најслабо рангираниот играч кој го победил Ѓоковиќ на турнир од АТП Мастерс 1000 ниво или повисоко.[5]
Од другите високорангирани носители кој рано биле елиминирани од турнирот се издвојуваат, петтиот Андреј Рубљов, кој загубил од 32-риот носител Јиржи Лехечка во третото коло и осмиот носител Хуберт Хуркач, кој бил елиминиран уште во својот прв натпревар на турнирот од поранешниот топ 10 играч Гаел Монфис.
Во полуфиналето на турнирот очекувано стигнале вториот носител и бранител на титулата Карлос Алкарас, третиот носител Јаник Синер и четвртиот и вицешампион од минатата сезона Данил Медведев. Единственото изненадувачко име во полфиналната фаза бил домашниот тенисер Томи Пол кој како 17-ти носител на најдобар можен начин ја искористил елиминацијата на светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ, и со одлични игри и неколку импресивни победи како онаа над четирнаесеттиот носител Иго Умбер во третото коло, над "џелатот" на Ѓоковиќ, Нарди, во четврото коло и над деветтиот носител Каспер Руд во четвртфиналето, успеал да се пробие до најдобрите 4.
Во првото полуфинале, кое било реприза на минатогодишното, се сретнале Алкарас и Синер. Иако Синер одлично го отвоил мечот и го добил првиот сет со убедливи 6-1, во продолжение бранителот на титулата се разбудил и со одлична игра успеал да слави со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-2), прекинувајќи ја серијата на Синер од 19 натпревари без пораз. Во второто полуфинале, Пол слично како и Синер го добил првиот сет со убедливи 6-1 против Медведев, но во продолжение четвртиот играч на АТП листата успеал да направи пресврт и да победи со 2-1 во сетови (1-6, 7–6(7–3), 6-2).
Во реприза на финалето од претходната година, Алкарас и Медведев одново се нашле еден спроти друг во финалето на Индијан Велс, станувајќи само вториот пар во историјата на турнирот кои се сретнале во финалето две години по ред, после Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во 2014 и 2015. Иако нешто понеизвесно (посебно во првиот сет) во однос на финалето од 2023, Алкарас одново го совладал Медведев (7–6(7–5), 6–1) со што ја одбранил титулата и го освоил Индијан Велс по вторпат во кариерата. Тој станал првиот играч кој ја одбранил титулата од Ѓоковиќ во 2016 година. За Алкарас, исто така, ова била прва титула во 2024 година, 13-та вкупно АТП титула во кариерата.
Носители
Сите носители биле слободни во првото коло.
Жреб
- Легенда
- -Q- = квалификант
(англиски: Qualifier)
- -WC- = повик од организаторот
(англиски: Wild Card)
- -LL- = „среќен губитник“
(англиски: Lucky Loser)
|
- -ALT- = замена
(англиски: Alternate)
- -SE- = посебна поштеда
(англиски: Special Exempt)
- -PR- = заштитен ранкинг
(англиски: Protected Ranking)
- -IP- = ИТФ место
(англиски: ITF place)
|
- -w/o- = предавање пред натпреварот
(англиски: Walkover)
- -r- = предавање во текот на натпреварот
(англиски: Retired)
- -d- = дисквалификација во текот на натпреварот
(англиски: Defaulted)
|
Завршница на турнирот
Горна половина на жребот
Сектор 1
Сектор 2
Сектор 3
Сектор 4
Долна половина на жребот
Сектор 5
Сектор 6
Сектор 7
Сектор 8
Наводи
Надворешни врски