Матија Калдара
Матија Калдара (роден на 5 мај 1994 во Бергамо) — италијански фудбалер кој настапува за екипата на Специја како позајмен играч од Милан и на италијанската репрезентацијата. Калдара игра на позиција одбрана. Клупска кариераАталантаРоден во Бергамо, Калдара ја започнал својата кариера во клубот од родниот град Аталанта, во кои влегува во младинските категории.[1] Тој играл за Примавера тимот во периодот 2011-2014,[2] правејќи го своето професионално деби на 5 мај 2014 година, влегувајќи во игра како замена во второто полувреме во натпреварот против Катанија во Серија А.[3] ТрапаниНа 3 јули 2014 година, тој бил позајмен на екипата на Трапани во Серија Б со цел да се здобие со повеќе искуство.[4] Дебитирал во Серија Б на 7 септември 2014 година, во натпреварот против Виченца, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Енис Надаревиќ во 62-рата минута.[5] На 16 мај 2015 година со својот прв погодок во професионалната кариера, во шестата минута од судиското продолжение од натпреварот против Авелино, им овозможува на сицилијанците да изедначат на 1-1 и да избегнат пораз на гостувањето во Кампанија. ЧезенаНа 10 јули 2015 година, Калдара бил потпишан од страна на друг клуб од Серија Б, Чезена, на привремен договор со опција за откуп[6] каде што одиграл 27 натпревари и постигнал 3 гола во првенство, како и два настапи во Куп на Италија. АталантаВо текот на летото на 2016 година Калдара се враќа во Аталанта за да се натпреварува во Серија А. Својот прв настап за сезоната го имал на 2 октомври 2016 година, во 7-тото коло од првенство, кога како стартер го одиграл целиот натпревар во кој Аталанта го победила Наполи со 1-0 на стадионот Атлети Аѕури д'Италија.[7] На 26 октомври, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Аталанта и прв во кариерата во Серија А, одлучувачки за победата со 1-0 на гостувањето против Пескара.[8] На 12 јануари 2017, како резултат на одличните игри во континуитет италијанскиот шампион Јувентус го купува Калдара од Аталанта, но го остава во Бергамо на заем до 30 јуни 2018 година. Сумата на трансферот изнесувала 15 милиони евра, плус 4 милиони бонус, ако играчот од одбраната оствари најмалку 20 настапи за Јувентус во сезоната 2018-2019 и евентуално уште плус 6 ако исполни одредени услови.[9][10] Сезоната 2016-2017, Калдара ја завршил со 30 настапи за Аталанта и 7 постигнати гола, вклучувајќи ги и двата во победата со 2-0 на гости против Наполи на 25 февруари.[11] Тој бил втор најефикасен (по бројот на голови) дефанзивец во лигата за сезоната по соиграчот од Аталанта Андреја Конти кој постигнал еден гол повеќе. Следната сезона дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот од фазата по групи во Лигата на Европа против Евртон кој Атланта го добрила со 3-0. Својот прв го за сезоната го постигнал на 20 септември 2017, во победата на домашен терен над Кротоне во Серија А со 5-1. Сезоната ја завршил со 34 настапи во сите натпреварувања (24 во Серија А, 8 во Лига Европа и 2 во Купот на Италија) и 3 постигнати гола (сите во Серија А). ЈувентусВо јули 2018 година, Калдара му се приклучил на Јувентус според договорот потпишан претходно во јануари 2017. МиланНа 2 август 2018 година, Калдара потпишал петгодишен договор со ФК Милан вреден 35 милиони евра за две години, додека Леонардо Бонучи се вратил назад во Јувентус, како дел од трансферот[12][13]. Бидејќи не можел да го избере дресот со број 13 за да му оддаде почит на Алесандро Неста, бидејќи претходно овој број бил заземен од Ромањоли, Калдара се одлучил на својот дрес да го носи бројот 33[14]. На 20 септември 2018 година, Калдара го направил своето официјално деби за Милан, играјќи како стартер заедно со Ромањоли во натпревар од Лигата на Европа против Ф91 Дуделанж[15][16]. Сепак, во следниот период следеле повреди кои го отстраниле од фудбалските терени до февруари 2019. Во април претрпел уште една повреда отстранувајќи го од терените за 6 месеци. АталантаВо јануари 2020 година, Калдара бил позајмен на ФК Аталанта. Во текот на зезоната, одиграл 20 натпревари. ВенецијаНа 9 август 2021 година бил позајмен на ФК Венеција, со можност за откуп. СпецијаНа 17 јули 2022 година, Калдара се приклучил на ФК Специја како позајмен играч за сезоната 2022–2023.[17] Репрезентативна кариераКалдара ја претставувал Италија во репрезентацијата под 21 година, за која дебитирал на 24 март 2016, во квалификациски натпревар за Европското првенство под 21 година против Ирска. Во јуни 2017, тој бил повикан од селекторот Лујџи Ди Бјаџо за настап на Европското првенство за играчи под 21 година во Полска. Тој одиграл три натпревари на турнирот на кој Италија била елиминирана во полуфиналето од Шпанија. На 19 мај 2018, Калдара го добил првиот повик во сениорската репрезентација од новиот селектор Роберто Манчини.[18] Своето деби за аѕурите го направил на 1 јуни 2018, на возраст од 24 години, играјќи како стартер во пријателскиот натпревар во Ница во кој Италија била поразена од Франција со 3-1.[19] Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 19 јуни 2017.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia